Близнаци му признале на татко им дека се хомосексуалци, а еве како изреагирал тој

Остин и Ерон веќе им признале на останатите членови на своето семејство дека се хомосексуалци, а татко им го оставиле за крај.Познатите тинејџери од Јутуб, Остин и Ерон Родс, ги следат голем број луѓе, а профил направиле пред шест месеци. Оваа недела одлучиле да го споделат со своите фанови моментот кога признале пред својот татко дека се хомосексуалци. Му се јавиле по телефон и го снимиле разговорот со цел да го споделат на Јутуб.
Ова емотивно видео прикажува две момчиња кои се обидуваат да најдат соодветни зборови. Но кога на татко им конечно му признале дека и двајцата се хомосексуалци, неговата реакција била неверојатна.
„Вие едноставно сте такви. Возрасни луѓе сте. Израснавте во многу поинакво време од моето. Просто не знам што да кажам, знаете дека обајцата ве сакам и тоа никогаш нема да се промени“, гласел неговиот одговор.
Остин и Ерон веќе им признале на останатите членови на своето семејство дека се хомосексуалци, а татко им го оставиле за крај. Од неговата реакција најмногу се плашеле, но се поминало добро.

Тие двајца не се првите близнаци кои им признале на своите родители дека се хомосексуалци и кои го снимиле тоа. Во август месец близнавите Лук и Адам Монастеро ја направија истата работа.
Погледнете го видеото од признанието на Остин и Ерон.
Познатите тинејџери од Јутуб, Остин и Ерон Родс, ги следат голем број луѓе, а профил направиле пред шест месеци. Оваа недела одлучиле да го сподела

Пронајдете не на следниве мрежи: