Близнаците не читаат хороскоп, а Овните слепо веруваат во хороскопот…Овен- Како и другите огнени знаци, се „палиш“ на астрологија. Не е многу тешко, а богами ни лесно да те изгасат потоа. Ова најдобро може да го направи личност која припаѓа во астролошкиот знак „риби“. Екстра добрите риби умеат да ти ги покажат вистинските димензии на астрологијата со сите свои облини. Бик- И се лутиш на астрологијата затоа што ти набила рогови, а всушност баш роговите се криви за твојата лутина. Само со прави рогови умееш да ја увидиш правата ствар во астрологијата и да ја сфатиш нејзината длабока суштина, иако не си којзнае колку паметен. Близнаци- Ако се прашуваш каде е твојот двојник, одговорот е: во твојот астро-знак.Следи го и ќе се следиш себе. Твојата најголема грешка е што не читаш доволно астрологија и покрај тоа што си писмен.
Рак- Типичен рак. Астрологијата ја користиш сè со цел да успееш да и се додвориш на некоја девојка. Кога немаш од што да се забришеш во тоалет, не случајно ја користиш задната страна од весниците, одделот за астрологија. Затоа камшикот на астрологијата секогаш (ќе) те стига! Лав- Не и придаваш особена важност на астрологијата и тука е твојата најголема грешка. Се филмаш дека си најјака фаца во секоја област, а немаш претстава дека зад сите твои успеси стои фактот дека си Лав во Хороскоп. А кога еднаш го дознаваш тоа, целиот свет ти се менува, рикањето го менуваш за предење и од лав се претвораш во домашна мачка. И толку од најјаката фаца!
Девица- Ти си и дефинитивно најверен на астрологијата, алфа и омега во поглед на верноста и чистотата. Нема ни потреба да ти се кажува што вели астрологијата за твоето следење на астрологијата.
Вага- Постојано мериш и оценуваш сè и сешто за астрологијата.Помири се еднаш со фактот дека не можеш да знаеш сè.Астрологијата е над разумот, астрологијата е над самото постоење. Астростоење. Шкорпија- Ја злоупотребуваш астрологијата во лични цели. Амааааан! Стрелец- Односот со астрологијата ти е како односот меѓу лакот и стрелата. „Читко и јасно“.
Јарец- Вие и астрологијата сте како Бог и шеширџија. Не и верувате, не ве интересира, не ве интересира дури ни тоа што постојано ве изневерува. Имате на ум дека место вас подобро би било знакот да ви се нарекува „Коза“. Би можеле да наликувате на Јарец ако си пуштите брадичка и ако продолжите да се инаетите дека ова не е точно. Водолија- Читаш колку да читаш. Очигледно немаш појма зошто, а и не ти е важно, зашто си помалку филозофски, а повеќе практичен тип. За разлика од други, барем знаеш да читаш. Постојано ти одекнува гласот „Обрати повеќе внимание на астрологијата“ со кој некогаш не знаеш како да се справиш. Риби- Обожаваш да пливаш. Штета што тоа најчесто мора да го правиш на суво.Заради ова, времето за читање астрологија ти е ограничено, а вниманието кое и го придаваш зависи од … тебе. Пазете да не бидете уловени во мрежата на неастролошките толкувања затоа што само астрологијата може да ве насочи на вистинскиот пат.
Lady.mkОвен- Како и другите огнени знаци, се „палиш“ на астрологија. Не е многу тешко, а б