Сандра и Марија (28), од Белорусија, кои неколку години живеат во Порече, биле подготвени да платат 50 000 евра за убиство на богат угостител од Ровињ, со кој една од нив била во врска.Близначките Сандра и Марија (28), од Белорусија, кои неколку години живеат во Порече во Хрватска, се уапсени откако убедувале нивен врсник да го убие богатиот сопственик на ресторан од Ровињ, со кој една од нив била во врска.
Тие биле подготвени за убиството да платат 50.000 евра, а жртвата на нивниот план требало да биде 42-годишниот Мурат Зија, богат угостител, и сопственик на ресторанот „La Riva“. Кога Мурат дознал што му подготвваат неговата љубовница и нејзината сестра, зел годишен одмор и побегнал од градот.
Тие одлучиле на ова убиство да го наговорат нивниот врсник, 28-годишниот Поречанец , со кој една од нив била во некој вид на врска. Откако тој одбил да учествува во ваквиот настан, и него му се заканувале со убиство, а несудениот убиец ги пријавил во полиција.
Жителите на Порече наведуваат дека пронаоѓањето на богати спонзори им бил основен извор на приход на овие 2 близначки. Никој не знае колку долго траела љубовнат врска со богатиот опственик на ресторанот, а Мурат на својата девојка и на нејзината сестра им плаќал се што ќе посакаат, вклучувајќи го и станот во кој живееле. Сепак, бидејќи неговиот имот не го препишал на својата девојка, нивната љубов „пукнала“.Близначките Сандра и Марија (28), од Белорусија, кои неколку години живеат во Порече во Хрватска, се уапсени откако убедувале нивен врсник да