БОГАТА КУЛТУРНА ВЕЧЕР ВО КАРПОШ

Во рамки на седмата  вечер од „Карпошовото културно лето“, на платото во Т.Ц „ Лептокарија“,  во организација на АКУД „ Мирче Ацев“, започна  Меѓународниот студентски  фолклорен фестивал.Овој фестивал, кој започнал во 1967 година,  е инспириран од студентите во постземјотресно Скопје, кои се организираат формирајќи една ваква манифестација, со која културно ќе се обнови разрушениот град. Токму затоа, другото име на овој реномиран фестивал е и ,, Фестивал на солидарноста’’ . Оваа година, Општина Карпош  ја имаше честа токму на нејзина територија да започне еминентниот културен фестивал. Платото во „ Лептокарија“ беше претесно да ги собере карпошани, кои од најмала до најстара возраст беа присутни и уживаа во изведбата на танци, песни и ора на културно- фолклорните друштва. Освен домаќините АКУД ,, Мирче Ацев“ , љубителите на етнофолклорот можеа да ги проследат изведбите на културното-уметничкото  друштво од соседна Република Бугарија, потоа и  друштвото  од Босна и Херцеговина. Изведбата на автентични песни и ора од креавите од кои  доаѓаат беше одлична можност публиката да се запознае со културната традиција на овие блиски држави. Претседателот на комисијата за култура при Општина Карпош Горан Михајлов ги поздрави присутните со пригоден говор:
 Ми претставува особена чест и задоволство , што еден ваков светски признат фолклорен фестивал, своето отворање го има во рамките на овогодинешното културно лето во Карпош. Би сакал да истакнам дека ова е голем придонес во културниот мозаик на нашата општина, и се надевам дека и понатаму Општина Карпош културно се повеќе, ќе ја збогатуваме, нагласи Михајлов.
 Доказ за реномираноста на овој етнофолклорен фестивал, беше и учеството на културно-уметнички  групи од Словачка и Полска, кои со изведбата на своите  кореографии, ни ја доближија нивната традиција и етнокултура. Културно-уметничкото  друштво ,, Етнос“ од пијанечкиот крај, ја заокружи  културно богатата вечер во Општина Карпош. Овој фестивал, кој започнал во 1967 година,  е инспириран од студентите во постземјотресно Скопје, кои се организираат формирајќи една ваква м

Пронајдете не на следниве мрежи: