Прилеп со низа културни и спортски манифестации е подготвен ова лето да привлече уште поголем број на туристи, љубители на манастирскиот, алтернативниот и фестивалскиот туризам. Центарот за култура „Марко Цепенков“ и локалната власт најавија преку 60 различни културни и спортски настани , главно на отворена сцена, се цел културата да биде поблиску до публиката, а алтернативните спортови да го направат овој регион, Прилеп, Крушево и Кривогаштани, што попривлечен за љубителите на екстремните спортови.
„Викндов Прилеп и Долнени го отвораат летото со значаниот феситивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски, а на 10 -јули во Прилеп се подготвуваме за „Македонски иселенички фестивал“ , единствен во Македонија од овој тип, каде ќе пејат и свират Македонците иселеници, потоаследува „Пивофестот 2016“ од 14 /17 јули, како еден од најатрактивните манифестации на Балканот, каде очекувааме и оваа година над 350.000 посетили, што е вообичаена бројка за оваа манифестација . На 21 –ми јули. ќе се одржат традиционалиот „Македонски чалгаџиски песни“ на камената бина на отворено а на 25,26,27 август, ќе започне петиот по ред „Џез фестивал“-нагласи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, поканувајќи ги сите добронамерници ова лето да го посетат Прилеп.
„Со низа културни преформански, изложби, театар, музички изведби, концерти, филмоски проекции , учество на хорот „Злата Мегленса„ на 7- ми јули, Концерт на старогратска музика на КУД Пензионери и КУД “Сирма Војвода, на 12 августи, ликовната колонија „Дрен„, од 22 јули, која се сели во Прилеп да биде поблиску до публиката, но и да овозможи и користење на други уметнички техники (вајарство,графика,видео бимови и сл.) се само дел од културните настани кои ќе го збогатата ова културно жешко прилепско лето “ посочи директорот на ЦК „Марко Цепенков„ г-дин Тони Чатлски.
ПРИЛЕП, ЕДИНСТВЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА, ЧЛЕН НА СВЕТСКИТЕ ФЕДЕРАЦИИ НА АЛТЕРНАТИВЕНИ СПОРТОВИ И ТУРИЗАМ
Покрај културните случувања Прилеп заедно со соседните општини Крушево и Кривогаштани ,ова лето ќе понудат и многу спортски настани. Веќе од 17 до 30 јули во овој регон ќе се оджи 19-тоЕвропското првенство во змајарство и 5-то Светско првенство во змајарство ,каде се очкуваат на 1000 учесници,змајари,
Од 8 до 20 ,август ,во Прилепско-кривогаштанскиот и крушевскиот регион ќе биде организирана и 14-то Европско Првенство во параглајдерство, а во истиот тој период од 19 до 21 август,ќе се одржи велосипедската планинска трка “Куршево низ корија„,додека ,пак, од 15 до 27 септември,Прилеп да биде домаќин на ултра маратонот .
Со овие спортски активности Прилеп станува попривлечна дестинација за љубителите на алтернативниот туризам ,а од неодмана единствена општина од Македонија, која стана членка и е на мапата на Светски федерациии на алтернативни спротови и туризам.
„Викндов Прилеп и Долнени го отвораат летото со значаниот феситивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоск