Светлана Цеца Ражнатовиќ на десетгодишнината од смртта на Тоше Проески, со голема болка зборува за нивното пријателство за кое вели дека го обележале само убави моменти.-Тоше е присутен во сите нас благодарение на својата музика. И денес плачам кога ќе го слушнам неговиот глас, вели Цеца за српските медиуми.
Таа раскажува за нивното дружење, за неговиот живот, но и за трагичната смрт.
-Тоше беше прекрасно момче, посебен човек. Сите останавме без тој ангелски глас, човек, голем хуманист. Кога слушнав за трагедијата бев шокирана буквално, вели Цеца и се сеќава на последниот ден кога го испратила засекогаш.-Тоше е присутен во сите нас благодарение на својата музика. И денес плачам кога ќе го слушнам неговиот глас, вели Цеца за српските медиуми.