Болна исповед на млада девојка: Ме врза со ремен за куче и ме мачеше полни четири дена

Алица Козакевич пед 14 години ја киднапирал и во својот дом во Вирџинија ја држел поранешен компјутерски програмер Скот Туре. Тогаш 13- годишната девојка била силувана полни четири дена, а полицијата ја спасила токму кога требало да биде убиена. Сега Алица децата ги образува за опасностите кои демнеат на интернет.Алица Козакевич објаснува како во 2001 година често користела интернет, повеќе за играње и чет со пријателите.
„Имаше едно момче за кое мислев дека е на иста возраст како мене, а кого не го познавав, и  нему му се допаѓаа истите работи како  и мене“, пишува Козакевич.
Иако била свесна за опасноста од странецот, во тие почетни денови  на широко користење на интернетот тој концепт се уште не бил поврзан со онлајн контакти. „Дење и ноќе би слушал што имав за кажување, ми даваше совети. Беше некој кому би се жалила и кој ме тешеше полни осум или девет м есеци пред да ме киднапира“.
Точно на Нова Година во 2002 година ја уверил да го напушти семејниот дом во Питсбург, се нашла со него на улица во близина на куќата во која живеела со родителите. Тире, кој тогаш имал 38 години, ја киднапирал  и возел пет часа до  својата куќа во Херндон, во Вирџинија.
„Потоа ме соблече, ме погледна и ми кажа: Ова ќе биде навистина тешко за тебе. Слободно можеш да плачеш. Потоа ми стави кучешки ремен околу  вратот, ме одвлече горе во спалната соба и ме силуваше. Ме врза покрај креветот. Полни четири дена бев силувана, тепана и  мачена во таа куќа“.
Се обидела да се одбрани, но само била уште повече истепана.
Девојката била уверена дека четвртиот ден ќе ѝ биде последен ден во животот
„Ми рече: ‘Почнуваш премногу да ми се допаѓаш. Вечерва одиме на прошетка.’знаев дека ќе ме убие“.
И покрај својата одлученост, почнала да губи надеж.  „Мислев, ќе ме убие, но нема да се предадам без борба и можеби и ќе победам. Набрзо сфатив дека веќе изгубив многу пати“.

 
Тире ја нахранил прв пат пред тој ден да оди на работа, но  Козакевич и понатаму била уверена дека ќе ја убие таа вечер.
„Веќе киднапираше дете, му стори  ужасни работи, зошто  убиството би било нешто што не може да го стори?“
Но, пред Тире да се врати од работа, девојката била спасена од страна на агенти на FBI, за кои вели дека се нејзини ангели.
„Го пресекоа ланецот кој ми  беше околу врат и ми помогнаа да станам. Ме ослободија. Ми дадоа нова шанса за живот“.

Тире бил осуден на 19 години и седум  месеци затвор
Алица наскоро ќе дипломира и  ќе се мажи, а сега работи  во образование на деца за опасностите во околината за искористување преку својата група The Alica Project.
Покрај тоа води и компања за донесување на законот на Алиција, со кој  би се финансирала борбата против искористување на деца во сите држави во САД.
„Без оглед на тоа дали сте биле затворени 4 дена или ве искористувал некој  кој со години сте го сакале или  сте биле злоупотребувани 15 секунди во автобус, се работи за ваше искуство и ваша болка која го дефинира, не за должината на вемето или за она што навистина се случило. Силувањето се темели на моќта и контролата, а љубовта никогаш не“.Алица Козакевич објаснува како во 2001 година често користела интернет, повеќе за играње и чет со пријателите.
„Имаше едно момче за к

Пронајдете не на следниве мрежи: