Бомбаш-самоубиец се разнесе меѓу група туристи во Истанбул. Загинаа најмалку 10 лица!

Силна експлозија одекна денеска претпладне во Истанбул, а турските медиуми пренесуваат дека има и жртви.Агенцијата „Доган“ објави дека станува збор за бомбаш-самоубиец, кој кренал во воздух група туристи што биле на централниот плоштад, покрај Султан Ахмедовата џамијата, уште позната и како Сина џамија. Подоцна и трускиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја потврди информацијата, откривајќи дека станува збор за Сириец кој е припадник на Исламската држава.
Според агенцијата Анадолија, при експлозијата загинале најмалку 10 лица, а околу 15 се ранети, меѓу кои некои се и во критична состојба. Поголем дел од нив се Германци.
Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк пренесе изјави на очевидци на настанот, кои тврдат дека слушнале „гласна експлозија“.
На местото на настанот пристигнаа поголем број полициски, амбулантни и противпожарни возила, а полицијата го блокира целиот реон околу плоштадот.Агенцијата „Доган“ објави дека станува збор за бомбаш-самоубиец, кој кренал во воздух група туристи што биле на централниот плошта

Пронајдете не на следниве мрежи: