четврток, 12 ноември 2026
Најново

Борби,атентати и убиени борци за време на Илинденскиот период

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Динамитни атентати за време на востанието, од 20 јули до 10 октомври, во Европска Турција имаше 14, а преку целата 1903 г.— 21.По бројот на борбите, Битолската околија — најголемата во вилаетот — го држи првото место. Од 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби — 70 и паднаа најмногу востаници — 378. Борбите се распределуваат меѓу реоните вака: Цапари — Ѓавато — Смилево 9, Битолско поле и Западно Мориово 6, Крушевско 19, Демир Хисарско 8, Ресенско (Г. Преспа и Д. Преспа) 31. Последната борба беше на 20 октомври од Костурските и Прилепските чети над с. Чаништа, во Западно Мориово.
Во Костурска околија од 20 јули до 18 септември имаше 17 борби: 8 во Пополето, 6 во Корештата, 1 во Кастанаријата и 3 во областа Колоња. Загинаа 83 востаници.
Во Леринската околија од 20 јули до 8 октомври имаше 22 борби — 12 во неретскиот реон и 10 во ниџенскиот. Паднаа 74 востаници. Некои од борбите во Леринско беа заеднички со костурски чети, а други — само оо костурски чети.
Во Охридската околија од 20 јули до 28 септември имаше 31 борба: 3 во Малесијата, 20 во Горна и Долна Дебарца, 7 во Ортакол и 1 во Дримкол. Загинаа 118 востаници. По загуби Охридската околија доаѓа по Битолската.
Во Кичевската околија од 20 јули до 27 август имаше 10 борби; 4 во Горна и Долна Копачка, 4 во Рабетин-кол и 2 во Долно Кичево. Загинаа 64 востаници.
Во целиот Битолски вилает во текот на Илинденското востание имаше 150 борби, во коишто загинаа 746 востаници. Најмногу борби имаше во јули (20—31) — 72, во август — 56, во септември 18 и во октомври 4.
Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври имаше 36 борби, во кои паднаа 46 востаници. Повеќето беа во првиот реон: Мало Трновско —Лозенградско— Бунар Хисарскиот. Распределени по месеци се: во август 29, септември 5 и октомври 2 борби.
Во Солунскиот вилает од 16 јули до 26 октомври имаше 38 борби, во кои паднаа 109 четници.
Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември имаше 15 борби, во кои паднаа 93 четници.
Динамитни атентати за време на востанието, од 20 јули до 10 октомври, во Европска Турција имаше 14, а преку целата 1903 г.— 21.
За време на целиот Илинденски период во Македонија и Одринско имаше 239 борби, во кои паднаа 994 востаници.По бројот на борбите, Битолската околија — најголемата во вилаетот — го држи првото место. Од 20 јули до 10

Поврзани вести