БОРКА И БИМИЛК ЈА ЗАПОЧНАА АКЦИЈАТА „РОЗОВИ И ЗДРАВИ“

ВО ПРОДАЖБА ОГРАНИЧЕНА СЕРИЈА НА БИТОЛСКИ ЈОГУРТ СО ЧИЕ КУПУВАЊЕ СЕ ДАВА ПРИДОНЕС ВО БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКАТАЗдружениетоза борба против ракот на дојката Борка и млекарницата Бимилк започнаа акција под мотото „Розови и здрави“. Во рамките на акцијата, Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите ќе имаат можност да донираат дел од цената на производот за  превенција од ракот на дојката.
Во рамките на акцијата, Бимилк и Борка организираат информативни пунктови каде заинтересираните ќе може да добијат повеќе информации од стручен карактер за раното откривање и лекување на ракот на дојката. Првите информативни пунктови беа поставени викендов во Веро Центар и Керфур, а во следните три викенда информативни пунктови ќе има и во Веро 2, Тинекс кај поранешен Годел, Тинекс кај Драмски театар, Рамстор Центар, Рамстор во Капитол мол и Рамстор во населбата Капиштец. На првиот информативен пункт присуствуваше и претседателката на здружението Борка, Биба Додева.
„Акцијата „Розови и здрави“ е одлична прилика во текот на месецот на жената потрошувачите да се информираат за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на дојката и секако да дадат свој придонес во борбата со оваа болест преку купување на Битолски јогурт на чие пакување стои препознатливата розова панделка.  Ракот на дојката е тешка болест со која секојдневно се соочуваат сé поголем број жени, наши мајки, сестри, пријателки, сосетки и затоа секоја помош во борбата против оваа болест е добредојдена.“ – изјави Биба Додева
Средствата кои ќе се соберат во рамките на акцијата „Розови и здрави“ ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини ширум Македонија со цел што поголема едукација на населението за превенција од ракот на дојката.
„Бимилк е компанија која се грижи за здравјето на потрошувачите, не само преку производство на здрави и вкусни производи туку и преку организирање на вакви и слични акции. Оттука задоволство ни е да ги повикаме потрошувачите во што поголем број да се вклучат во акцијата „Розови и здрави“ за сите заедно да  помогнеме во борбата против ракот на дојката.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во БимилкЗдружениетоза борба против ракот на дојката Борка и млекарницата Бимилк започнаа акција под мотото „Розови и здрави“. Во рамките на акц

Пронајдете не на следниве мрежи: