Борко Ѓорѓиев го одигра првиот натпревар за Македонија

Големиот фудбалски талент Борко Ѓорѓиев го имаше своето деби за нашата млада фудбалска селекција за играчи до 19 годишна возраст.Младата фудбалска селекција на Македонија за играчи до 19 годишна возраст го доби натпреварот со селекцијата на БиХ со резултат 2-1.
Во списокот на играчи се најде и нашата голема фудбалска надеж, Борко Ѓорѓиев, за кого спортската редакција на „Пулс24“ имаше посебно задоволство да учествува во напорот за да овој голем фудбалски талент заигра за Македонија.
Ѓорѓиев одигра солиден натпревар за нашата селекција, каде во тимот се најдоа уште и Јорданчо Наумовски, Дарко Велковски, Нуриши Мумин, Виктор Талевски и останатите македонски фудбалски таленти…
По натпреварот, Борко Ѓорѓиев за „Пулс24“ изјави дека ќе му треба мал период за да се вклопи со останатите играчи во тимот. Тој нагласи дека одлично се познава со Нуриши Мумин со кого заедно ќе си одат за Загреб.Младата фудбалска селекција на Македонија за играчи до 19 годишна возраст го доби натпреварот со селекцијата на БиХ со

Пронајдете не на следниве мрежи: