Божиновски: Заев знае дека изборите ќе ја запечатат неговата политичка кариера

Аналитичарот Владимир Божиновски говореше за актуелната политичка состојба гостувајќи на ТВ Нова. 
-Заев не сака да ги одложи изборите за 5-ти јуни тој сака да ги одложи изборите за некогаш. Тука е најголемиот проблем. Од стартот кога почнаа преговорите и имплементација на договорот од Пржино, најголемиот притисок беше врз ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија беше тотално конструктивна, прифатија многу работи и тоа е во ред. Но што беше целта? Целта беше да се дојде до 24-ти април на изборите за кои тие знаат дека ќе победат затоа што поддршката се уште ја имаат од народот. И со тоа ќе се заврши политичката криза. Од друга страна, Заев знае дека ќе ги изгуби тие избори и ќе си ја запечати својата политичка кариера со тоа. Од едната страна има луѓе што можат многу да изгубат, другата страна нема што да изгуби, вели тој.
Однесувањето на Заев, Божиновски го оценува како уцена. Вели, немало никаков дијалог туку уценување „Или ќе го прифатите ова или се повлекувам“.
Тој вели дека следните избори треба да се одржат следниот април заедно со локалните избори.
– Но, Владата ќе си биде како што добила мандат од граѓаните. Владата ќе биде на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како пред одредбите од договорот од Пржино. Нема да имаме технички министри до недоглед. Не зборувам за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или СДСМ, страда државата. Оваа Влада е за организирање на избори, не може многу да издржи, се е закочено, заклучува Божиновски.
  
-Заев не сака да ги одложи изборите за 5-ти јуни тој сака да ги одложи изборите за некогаш. Тука е најголемиот проблем. Од стартот к

Пронајдете не на следниве мрежи: