БПЦ го доби старателството врз МПЦ – ОА

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред  помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.– Светиот Синод одлучи дека, со оглед на тоа што Македонската православна црква (МПЦ) ја признава Бугарска Православна Црква – Бугарска Патријаршија за своја Мајка-црква, БПЦ со чувство за својата света должност, ја прифаќа одговорноста да покаже целосно содејство, со тоа што ќе посредува и ќе се застапува пред помесните православни цркви, преземјаќи се  што е неопходно за востановување на канонскиот статус на МПЦ, се наведува во одлуката од Светиот синод на БПЦ по повод писмото кое МПЦ го упати на 9 ноември.
Во одлуката се додава дека Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква.
Светиот синод на БПЦ одлучи да формира Синодска архиерејска комисија за преговори со МПЦ и останатите помесни православни цркви што ќе ја сочинуваат Старозагорскиот митрополит Кирпијан  како претседател и Ловчанскиот митрополит Гаврил, Пловдискиот Николај, Западно и Средноевропскиот Антониј, Варненскиот Јован, Неврокопскиот Серафим, Русенскиот Наум и Врачанскиот Григориј. како членови на Комисијата.
Синодот на БПЦ денеска во полн состав го разгледал писмото од МПЦ, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), изрази благодарност до бугарскиот патријарх Нефит и до членовите на Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква кои денеска донесоа решение за писмото од Македонската православна црква.
– Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автокефалност на Македонската православна црква во семејството на Помесните православни цркви. Очекуваме, и во иднина, Бугарската православна црква на МПЦ-ОА да и биде постојан сотрудник во остварувањето на потребната богоугодна цел, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.
Од МПЦ-ОА посочуваат дека двете цркви имаат одговорност пред своите едноверни, благочестиви и православни народи кои споделуваат мноштво заеднички христијански вредности низ вековниот опстој.
Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред  помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.
 – Светиот Синод одлучи дека, со оглед на тоа што Македонската православна црква (МПЦ) ја признава Бугарска Православна Црква &ndash

Пронајдете не на следниве мрежи: