Брачен пар од Босна и Херцеговина се разнел во својата куќа. Според информациите од босанските медиуми, се работи за 70-годишниот Цвијетин Јовиќ и 67-годишната Анѓелка Јовиќ кои биле пронајдени мртви во семејната куќа откако си го одзеле животот со рачна бомба.- Засега можеме да соопштиме дека станува збор за самоубиство, изјавил портпаролот на босанската полиција Халид Емки за трагичниот настан.
Според поатоците, бомбата ја земал мажот, излегол на терасата за да ја активира, но го видела сопругата која веднаш се стрчала кон него, па кога стигнала, тој ги разнел и двајцата. До нив било пронајдена уште една бомба.
Инаку, според соседите, Цветин бил болен, имал неколку мозочни удари годинава и постојано велел зошто не ме оставите да умрам. Со сопругата имала среќен брак.- Засега можеме да соопштиме дека станува збор за самоубиство, изјавил портпаролот на босанската полиција Халид Емки за трагичниот настан.