Најголемиот македонски празник Илинден денес беше одбележан со присуството на голем број на граѓани, политичари од опозицијата, пратеници од Собранието и целиот државен врв.Централните манифестации беа во Скопје, Пелинце и Крушево, каде се покажа сплотеноста на македонскиот народ за овие важни историски денови. Меѓу толпата народ и бројните политичари, никој не можеше да го види екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Очигледно, Црвенковски не се појави на ниту една од централните манифестации, на ниту едно одбележување. Го немаше на видеозаписите, фотографиите, меѓу граѓаните.
Тој не излезе да прослави ниту во помалите градови, каде исто така се одбележуваше Илинден, а каде немаше претставници на државниот врв.
Извори блиски до политичарот ни потвртдуваат дека Црвенковски не е заминат на одмор, туку е тука, не можејќи да ја претпостават причината за тоа зошто кога веќе бил тука, не присуствувал на одбележувањето на овој голем ден.
Иако повеќе не е лидер на опозицијата, екс-претседателот на СДСМ имаше морална обврска да искаже јавна почит кон хероите кои животот го загубија за Македонија. Црвенковски, како поранешен претседател на државава, зима пензија и користи обезбедување.
Откако јавно се повлече од СДСМ, Црвенковски не престана да држи партиски средби, па деновиве беше во Кичево со претставници на СДСМ од тој град.
Кога ужива во бенефитите од неговата функција од минатото, зарем не чувствуваше потреба да искаже почит кон луѓето кои водеа битка за самостојна Македонија?
Централните манифестации беа во Скопје, Пелинце и Крушево, каде се покажа сплотеноста на македонскиот народ за овие ва