Деновиве се погласни се шпекулациите низ македонските медиуми за проблемите со кои се соочува новото раководство на СДСМ.Покрај слабата активност и присутност, што не се очекуваше со оглед на фактот дека на секое ново раководство му треба користење на почетокот за да се етаблира и претстави, се погласни се информациите дека новото раководство на СДСМ е соочено со сериозен отпор од повеќе структури внатре во самата партија.
Ако пред само три месеци сите очекувања и анализи говореа дека со ново раководство СДСМ би добила на свежина, присутност во јавноста, проактивност и иницијативност, денес после доволен период потребен за првична анализа, може слободно да се заклучи дека ништо од тоа не е дел од впечатокот за СДСМ.
Кои се проблемите со кои се соочува СДСМ? Дали се последица на општата политичка клима во државата или пак се последица на внатрешните состојби во опозицијата?
Очигледни се неколку факти. Прво, новото раководство на СДСМ не успева да ги наметне и да ги реализира своите одлуки над пратеничката група во Собранието на Република Македонија. Второ, очигледна е неснаодливоста на Заев во својата презентација пред медиумите со големиот број на гафови и нејасни изјави, што очигледно резултира со негово целосно отсуство од јавноста. Трето, се појасно станува дека доминантен фактор во новото раководство е заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска кој успева да наметне свои кадровски решенија и за членовите на најтесното раководство на партијата, но и за доминација во општинските организации на СДСМ (такви информации веќе има за Битола, Охрид и неколку скопски разграноци). Четврто, комуникациските стилови на СДСМ воопшто не се променети, а тие во себе опфаќат критика за се без конкретна алтернативна понуда, многу острина и нервоза кон своите политички опоненти, напади и закани за тужби кон повеќе на број медиуми и очигледна потреба за конфликтнос и поделба на наши и ваши, исто како во времето пред конгресот на СДСМ. Петто, нема промена во политичките пораки бидејќи СДСМ продолжува со истата реторика и аргументација за сите теми во општеството без притоа да се земаат во предвид мислењата на мнозинството граѓани и на релевантните податоци од домашните и меѓународни институции. Шесто, очигледно дистанцирање и чување во изолација на новите лица кои никако не се презентирани пред јавноста.
Видувањата на јавноста (без разлика дали некој посакува или не добра иднина на ова раководство на СДСМ) се се повеќе воедначени. Ако почетокот е одраз на тоа што ќе се случува, никој не е оптимист. Пратеничката група на СДСМ е одбрана и селектирана на начин да му е лојална и блиска на претходниот претседател Црвенковски, а Курир досега има пишувано за многу роднински, лични и бизнис релации кои дел од пратениците ги имаат со него, па затоа таа ја има очигледната улога да ја брани неговата политика за отпор кон власта, за конфликтност и неприфаќање на реалноста која воопшто не му оди во полза на СДСМ.
Неколкуте изјави на Заев дека тие ќе бидат активни со многу идеи и предлози во Собранието и по три месеци се само празна најава. Станува јасно дека пратеничката група на СДСМ не ја следи политиката на новото раководство туку цврсто се држи на политиките зацртани од Црвенковски. Ако ја погледнете салата за седници во Собранието од редовите на СДСМ таму може да се видат само пратениците од Струмица и неколку нивни поблиски колеги. Никој од довчерашните јуришници на СДСМ не е присутен. Дополнително за јавноста веќе стануваат познати и информациите за двете долги и мачни средби на новото раководство на СДСМ со пратеничката група кои траеле и по пет, шест часа и сочните детали на разни реплики и напади кон новото раководство токму од предводниците на пратеничката група. Ако се земе предвид фактот дека пратеничката група на СДСМ ја водат токму најблиските соработници на Црвенковски, станува јасно дека тоа не е можно да е случаен пристап, туку напротив, организиран однос кој дава јасна слика дека Црвенковски управува со групата на пратеници.
Застојот во работата на ад-хок Комисијата за 24 Декември исто така се препишува (дури и од претставници на меѓународната заедница) на неможноста на новот раководство на СДСМ да ја наметне својата политика. СДСМ денес дури одбива продолжување на работа на комисијата иако тоа им е обврска и според договорот од 1 Март. Заев даваше изјави дека оваа Комисија треба да работи и да ја заврши својата работа, но очигледно е дека некој друг во позадина донел поинаква одлука и ги користи внатрешните полуги во СДСМ за да спречи расчистување на настаните околу 24 Декември. Информациите во медиумите кои говорат дека Комисијата е закочена практично во момент кога требало да ја финализира својата работа говори дека некому во СДСМ не му одговара расчистување на настаните и вртење на нов лист во дневниот пристап, активностите и политиките на СДСМ.
За нас сето ова отвара огромни дилеми дали Зоран Заев има желба, а и капацитет на направи сосема нов лик на СДСМ или е задоволен само со фактот дека е претседател. Неговиот пристап во политиката секогаш бил балансиран и неконфликтен, но во овој случај како што изгледа, тој веќе се помирил со тоа дека Црвенковски од позадина ќе управува со СДСМ и ќе ги носи клучните политички одлуки. Впрочем тоа беше така и пред четири години кога Заев беше само В.Д. претседател и кога коректно спрема Црвенковски ги спроведуваше сите негови политики.Покрај слабата активност и присутност, што не се очекуваше со оглед на фактот дека на секое ново раководство му треба