Брат и сестра се соочиле со смртта

Ден Саски од Сан Франциско, заедно со својата сестра Кејт раскажале неверојатна приказна што им се случила кога биле на риболов на Карибите. 
„На среде море, во еден момент моторот од бродот се расипа и капетанот никако не можеше да го запали повторно. Капетанот ни ги подаде спасувачките елеци и во истиот ммент се обидуваше да побара помош преку радиото. Бродот беше 13 километри одалечен од обалата, а набрзо откако капетанот не успеа да вoспстави врска со крајбрежната полиција не извести дека бродот тоне со неверојатна брзина“, раскажува Кејт која додава дека кога човек ќе се сретне со смртта, има неверојатна сила за да преживее. 
„Пливавме околу 12 и 14 часа за да стигнеме до обалата. Во тие моменти јас и брат ми едноставно целевме кон тоа да преживееме и да се вратиме дома живи и здрави. Во еден момент ми беше навистина лошо и помислив да се откажам, но брат ми и неговите зборови ме охрабрија и ми покажаа дека можам да успеам и да испливам до обалата“, додава потресената американка.
Оваа вистинска потресна приказна им покажа на многумина дека во моменти на опасност и кога ќе се соочиш очи во очи со смртта, мораш да бидеш храбар да се мотивираш и со последните сили да успееш да ја достигнеш целта бидејќи само така ќе преживееш. Ден Саски од Сан Франциско, заедно со својата сестра Кејт раскажале неверојатна приказна што им се случила кога биле н

Пронајдете не на следниве мрежи: