Братот на Есад Рахиќ заработи 30 дена притвор

Надлежниот судија на петтемина членови на криминалната група кои беа уапсени во петокот вечерта во акцијата „Мрежа“ на МВР им изрекол мерка притвор во времетраење од по 30 дена, неофицијално дознаваме од извори во истрагата.Имено во текот на  2016  и 2017 година  криминална група организирана од Сеад Рахиќ која делувала на подрачјето на град Скопје и надвор од градот, продавала наркотична дрога кокаин за цена од ‎3000-4500 денари за една паковка. Кокаинот е набавуван од непознато лице Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога.
Од страна на Сеад како организатор на групата биле ангажирани Д. М. и М.З., кои го продавале кокаинот на нарко зависници, кои по продажбата редовно го известувале Сеад за паричните сретства кои се добиени. Исто така утврдено е дека лицето М.М. исто така посредува во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, на начин кога има потреба за продажба на дрога, го известува Сеад и ја врши продажбата, а дел од парите ги задржува за себе.
При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, пронајдени и со потврда од домот на Рахиќ одземени се 1 полиетиленска паковка со бела прашкаста материја, 50 куршуми 9мм, 1 ПМВ Голф 5 и 3 мобилни телефони.
Во домот на З.М. одземени се четири полиетиленски паковки со непозната бела прашкаста материја; во домот на М.Д. одземени се 22 куршуми 5,56мм, реденик со 12 патрони со различен калибар,43 патрони со калибар 16мм,  куршум 7,65мм, најлон кеса со непозната растителна материја , чинија со бела прашкаста материја и мобилен телефон; во домот на М.М. одземени се седум банкноти од по 1000 денари, две банкноти од по 500 денари и  еден мобилен телефон.
Сеад Рахиќ, кој инаку е брат на екс пратеникот од СДСМ Есад Рахиќ, во јавноста важи за особено близок до Зоран Заев и раководството на партијата.Имено во текот на  2016  и 2017 година  криминална група организирана од Сеад Рахиќ која делувала на подрачјето на град Скопје и над

Пронајдете не на следниве мрежи: