Братот на Кили се исповеда и ја кажа вистината за одлегувањето марихуана во нивниот дом!

Братот на актерот Кирил Поп Христов, Владимир или популарниот пејач Мио, преку својот ФБ профил се огласи и соопшти дека Кили имал тумор на коските, а дека марихуаната која ја засадиле ја користеле како алтернативен третман за лекување на братот, пренесува Нова тв.
 „Ќе ви ја кажам приказната во кратки црти бидејќи се изначитав глупости лаги и измислици. На Кили му е дијагностициран тумор кој по конвенционален медицински пат не би сакале да го лечиме поучени од скората смрт на нашите родители (мајка ми умре од рак пред неколку мецеси благодарение на нашите доктори, а татко ми од тумор, исто така, благодарејќи им ним). Седнав и почнав да барам на интернет кои други начини и лекови постојат.
По многу прочитани независни научни трудови и статии како најсилен односно единствен лек за рак моментално е токму марихуаната, но не сатива, туку индика или медицинска марихуана. Ги купивме семките и ги посадивме.
Во ниеден момент тоа не го правевме тајно бидејќи јас нарачките ги правев од мојот маил. Полицијата замислете, шест месеци арчела време, ангажирала луѓе, не следеле, пустеле, правеле за на крај нивниот плен од плантажите на Кили е цели 35 грама, да добро прочитавте, 35 грама. Не е вистина дека се 80 саксии, туку се 40 саксии. Јас немам потреба да лажам, ниту губам ниту добивам нешто со тоа. За крај, нашата мила министерка многу милува да каже дека никој не е над законот, но јас ќе и кажам дека ЖИВОТОТ е над законот, особено животот на мојот брат е над сите закони, вклучувајќи го и вашиот закон госпоѓо министерке.
Знаејќи го ова, мислам дека дојде време ако не за легализација, барем за декриминализација на ова растение од самиот Бог дадено“, пишува братот на Кили.
Иако болен, според тврдењата на семејството, на Кили сепак му беше определен притвор од 30 дена откако полицијата вчера упадна во неговата викендичка во Визбегово и ги заплени саксиите со марихуана. Притвор му е доделен и на неговиот брат Владимир кој веста ја чу додека одмара со семејството во Грција.
mkd-news.com„Ќе ви ја кажам приказната во кратки црти бидејќи се изначитав глупости лаги и измислици. На Кили му е дијагностициран тумор кој по конвенцио

Пронајдете не на следниве мрежи: