Брисел, надгробниот споменик на левичарската догма

Вчера се случи Брисел. Луѓе, човечки битија залудно ги изгубија своите животи. Господ да ги прости нив и да им даде сила на нивните семејства. Минатата недела токму за ова зборував, за жал бев во право. А посакувам да грешев. 
Трагедијата е поголема кога ќе ја прочитате мојата минатонеделна колумна која зборува дека не е во прашање инцидент туку систем, чии запчаници незапирливо се вртат во насока на повторување на истото сценарио со сменета локација на територијата на ЕУ.
Каде се згреши? Како дојде до тоа? На тие прашања одговорив во мојата минатонеделна колумна. Денес ќе зборуваме за тоа кој го овозможи тоа. Today we speak about enablers.
Ги паметиме сите сликите на радост, сликите на сочувство и актите на хуманизам од минатата пролет. Илјадници мигранти ја одеа својата зацртана рута до западноевропската бајка а луѓето алтруисти ги пречекуваа и згрижуваа во своите градови нудејќи им помош и пред се надеж во човековата добрина и алтруизам. Со цвеќе, вода и транспаренти градови ширум Европа пречекуваа реки од измачени и напатени луѓе од далечниот исток.
Левичарите го водеа “шоуто“. Тие секогаш биле почуствителни од најчуствителниот и подоблесни од најдоблесниот. Беше тоа една голема сцена на која лефти активистите просто мораа да заблескаат. Претставата беше поставена, улогите поделени. Негативци како и секогаш беа претпазливите конзервативци кои апелираа на помалку еуфорија а повеќе систем. Да се евидентираат “гостите“ да се пребројат, лоцираат, да се види кој е кој. Левичарите, удирајќи под појас воскликнуваа “Сите сме луѓе“. Што на тоа да одговориш? Зарем да те етикетираат како нечовек? Да те покажуваат со прст? Ни на првичните забелешки дека 80% од луѓето кои ги минуваат границите се мажи (?!?!?) ни на саркастичните забелешки дека најверојатно жените и децата останале да ја довршат војната во Сирија како најревносни партиципанти во истата, не помогна да се согледа големата слика. Победи вистината и визурата на елитистите кои сакаат “да го спасат светот“ во слободното време. Победи лефти префрлањето на вина. Ние останатите се уплашивме од етикетите и се надевавме дека и покрај очигледните знаци за спротивното – се ќе излезе на добро. Не излезе така.
Од каде се појавија овие луѓе. Од каде толку левичари во ЕУ? Кога САД избра комунистички претседател? Сите овие прашања не водат далеку назад, во 60-тите години на минатиот век кога на искреното хипи движење кое имаше апстрактни цели, мир и љубов во светот, му се “налепија“ рецидивите на комунистичките партии ширум светот.
Епилогот беше неизбежен, гаснење на хипи движењето и преземањето на палката на реформираните социјалисти а.к.а ребрендираните комунисти. На почетокот иако систематизирано, имаше остатоци од оригиналната агенда на хипиците но на микро ниво.
Се почна на ситно, со одбрана на дрвја, ледини, и природа од “бескрупулозните капиталистички профитери“. Се прошири на загрозени од војна подрачја (интернационализирање на системот) за полека да дојдеме до денешниот ден кога богати магнати финансираат смена на влади и системи во земји по личен избор и на насилен пат.
Привлечноста на лефти догмата е во тоа што не можеш а да не се согласиш со нивните генерализации. Кој не сака чиста животна средина, еднакви можности, заштита на послабите, универзална љубов кон човештвото…. Ќе беше се ОК ако и на терен работите беа токму такви како што се прикажуваат на скапите кампањи. За жал, Reality Bites. Левичарите се заплеткаа во сопствените догми. Со полни усти за слобода на говорот етикетираа луѓе кои не мислат како нив за hate speech, Љубов имаа за цело човештво но не и за Ромите во Париз да речеме. Политиката на заземање став неповратно ги качи на рингишпилот на заземање страна. Се чини денес како да левичарите од светот просто копнеат по конфликт чисто за да ја бранат страната на послабиот по нивно убедување.
Отидоа и чекор понатаму, за да имаат “работа“ – почнаа и да произведуваат конфликти, да манипулираат со малцински заедници и не привилегирани групи. Алтруизмот го загубија по пат, заслепени од милијардите кои течеа во нивните фондови за “Човекови Права“ а негде по тој ист пат се изгубија и себеси и врската со реалноста. Од мир во светот и благосостојба за сите, фраза што почнаа да ја користат мисиците ширум светот, решија радикално да се вратат на микро ниво. Позадината како секогаш се парите. Елитата која лажно се претставува за човекољубец всушност само бара начин да ги оправда парите кои се потрошени за да се “реши“ некој проблем. Потоа кругот повторно врти. Нов проект, свежи пари. Во моментов левичарската НВО алијанса, влече и троши повеќе пари од буџетите на 90% светски економии. А кога нема толку “проблеми за решавање“ проблемите треба да се создадат. Трагично е што за таа цел се врбуваат млади, незрели луѓе кои повлечени од идејата за лагоден живот вон корпоративното секојдневие и лесни пари за минимум напор, се подготвени да одат против основните етички принципи. Се за лесна заработка. Дел од вината е и на корпорациите кои во овие организации гледаа идеална можност да скријат некој даночен долар од „репресивниот систем“. Сега истите се жртви на тоа чудовиште кое порасна поголемо од нив и стана по незаситно од кога и да е порано. Корпорациите немаа друг избор освен да му се придружат. Така драги мои денес имаме едно чудовиште кое му се заканува на светот, закана многу поголема од радикалниот ислам кој лесно се идентификува. Лефти чудовиштето доби прострелна рана во Брисел. Далеку од тоа дека е мртво. Мртви се денес луѓе кои се плашеа од етикети и примаа во својот дом луѓе на кои сметаа дека им треба помош. Нив бргу ќе ги заборават.
Во нивни помен, за нив и за другите кои се на листа, треба да помогнеме ова лицемерно чудовиште да искрвави, да му се секнат парите и можностите за дубиозни трансакции со кои се финансираат “револуции“ и преселби на народи. Да се вратиме на базичната етика, на она што функционираше кога не баравме во секој збор говор на омраза и кога знаевме да го живееме животот со луѓе и за луѓе без премногу дополнителни информации и напрегања. Чудовиштето крвари, да му забиеме колец во срце. Првата добра шанса ни е да не дозволиме Хилари Клинтон да го продолжи миротворството на Обама. Да не и дадеме шанса за Нобелова награда за мир по само one week in office. Да го подржиме #PresidentTrump на секој начин и со цел свој капацитет и да ја прегазиме со сите четири тркала таа лефти мрша останата на патот. Let’s make a roadkill.
Пишува: Алекс Ванко
 Филозоф, писател, аналитичар 
Трагедијата е поголема кога ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: