Британската парламентарка Шерил Гилан изрази задоволство од намалувањето на невработеноста во Македонија

Британската пратеничка, Шерил Гилан по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја истакна британската поддршка за членство во НАТО алијансата и ги поздрави позитивните економски резултати на државата.„Се надевам што побрзо да и посакаме добредојде на Македонија во семејството на НАТО. Пред неколку години кога прв пат сретнав со премиерот Груевски работејќи во Европската банка за обнова и развој, бев импресионирана за неговите планови во економијата и она што сакаше да го направи на планот на намалување на невработеноста. Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам повторно во Велика Британија и да чујам за неговите успеси во економијата и особено што успеа да ја намали невработеноста од огромни 38 проценти, на 24 проценти. Сите знаеме дека тоа е важно за сите граѓани. И се надевам дека ќе биде успешен и во иднина помагајќи да се забрза економскиот развој. Трговската размена е добра со Велика Британија, и имам одлични очекувања за иднината. Во поглед на НАТО, македонските трупи се рамо до рамо во мисиите со војниците на НАТО и тоа е добро за иднината на државата и целта за членство во НАТО“ – изјави Гилан.„Се надевам што побрзо да и посакаме добредојде на Македонија во семејството на НАТО. Пред неколку години кога прв пат сретнав со премиерот Г

Пронајдете не на следниве мрежи: