Не станува збор за нова светска војна, отруени води, радијација или удар од астероид, туку за страшна епидемија.Угледното научно списание Британски медицински журнал (British Medical Journal), во божиќното издание објави научна теорија под назив „Зомби инфекција: епидемиологија, лекување и спречување на зараза“ во која ги повикува светските влади да го признаат постоењето на опасноста од зомби апокалипса, бидејќи во краен случај би можеле да се соочат со сериозна војна помеѓу живите и неживите суштества.
Во текстот се прави разлика помеѓу зомби кои се реанимирани човечки трупови и зомби кои се инфицирани додека се живи.
„Подемот на разни зомби патогени би требало да биде повик за будење на меѓународната заедница, знак дека дополнително треба да се финансира соработката помеѓу научниците и државните функционери за да се соочат со сѐприсутната закана од апокалиптичната болест“ – се наведува во објавеното истражување.
Иако овој текст на прв поглед делува несериозно и асоцира на американските филмови и серии за зомби апокалипси, фактот дека е објавен во угледно научно списание зборува дека не станува збор за уште една налудничава теорија и го покренува прашањето дали светската елита нѐ подготвува за нешто страшно, на лабораториски вирус кој би можел да убие милиони луѓе на планетата?
Колку за пример, еден од најбогатите луѓе на светот, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, неодамна го предупреди светот дека мора да ја научи лекцијата од епидемијата на еболата и да се подготви за идни пандемии со помош на стратегија и практични вежби како што инаку се подготвува за војна, бидејќи „може да се појави патоген вирус многу поопасен од еболата, некој облик на САРС или тип на вирус кој сѐ уште го немаме видено“.
Ваквите тврдења можеби звучат смешно, но фатк е дека научниците сериозно се занимаваат со проблематиката на појавата на зомби и фрлаат сосема поинакво светло на нив.
(British Medical Journal)Угледното научно списание Британски медицински журнал (British Medical Journal), во божиќното издание објави научна теорија под назив „Зомби