Судејќи според сè, бројот 666 што се споменува во Книгата на Откровението сепак не е посветен на самиот ѓавол, туку на човек од крв и месо.Откровението на Јован е всушност името на последната книга од Новиот Завет.
Имено, бројот 666 се однесува на Нерон, петтиот римски цар, свирепиот човек којшто историјата го помни како болно амбициозна личност и првиот човек кој извршил прогонство врз христијаните, во текот на чие владеење настрадале апостолите Петар и Павле.
Барем така верува Ким Хајнс Ајцен, професорка на Универзитетот Корнел и стручњак за раното христијанство.
Всушност, на старогрчкиот јазик секоја буква имала нумеричка вредност, а кога во случајот на Нерон ќе ги соберете сите букви, се добива токму 666, тн. знак на Сатаната.
Секако, на многу други имиња може да им одговара истиот тој збир, но дека сепак се работи за Нерон, потврдува и една подоцнежна верзија на Книгата на Откровението, пронајдена во Египет.
И навистина, со оглед на сите злодела коишто ги направил Нерон, но и на тоа кога настанала самата книга, сосема е возможно и логично авторот Јован (роден околу 15-та година), за Нерон да го пишувал под шифрата – 666.
Толкувачите на Светите текстови за бројот 6 велат дека е несовршен број и дека можеби говори за злото како за нешто општо за Нерон, но со оглед на тоа дека и самиот Јован бил прогонет на островот Патмос, теоријата на Хајнс Ајцен навистина има цврста подлога и можно е дека авторот сепак се осврнува на она од коешто морал да бега поради својата вера.Откровението на Јован е всушност името на последната книга од Новиот Завет.
Имено, бројот 666 се однесува на Нерон, петтиот римски цар, сви



