Bryan Adams со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете!

Bryan Adams доаѓа во Скопје, во “Вип арена“. По Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни.
– На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат Summer of 69, Heaven, Please Forgive me, Everything I do (I do for you), Have You Ever Really Loved a Woman и многу други.
Bryan Adams доаѓа во Скопје во рамките на големата светска Shine a light турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот, информираат од “Авалон Продукција“ додавајќи дека ова е нивни финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.