Рецепт од турската кујна – Ќе ве воодушеви!Состојки:
6 листови готови кори за штрудла
1 лажица ким
4 лажици масло
40 гр остро брашно
малку копар
200 мл млеко
150 гр свежо сирење
1 снопче магдонос
700 гр тиквички
1 лажица вегета
За сос
3 јајца
1 лажица масло
1 лажица млеко
1 лажица кисело млеко
1 лажица јогурт
Подготовка:
1. Тиквичките излупете ги, изрендајте ги, малку посолете и исцедете ги.
2. Додадете им млеко, брашно, вегета, масло, сирење, копар и насецкан магдонос па се добро промешајте.
3. Во длабок сад направете сос од јајца, млеко и јогурт.
4. Три кори за штрудла ставете на работната маса и премачкајте ги со сосот од јајца. Дел од сосот оставете за премачкување на готовата штрудла.
5. Премачканите кори поклопете ги со останатите кори премачкајте со филот од тиквички и завиткајте во 3 ролати.
6. Ролатите наредете ги во подмачкан плех со масло, премачкајте со останатиот сос од јајца и посипете со ким.
Печете во загреана рерна на 180 С околу 40 минути.
Послужување:
Тиквиците во тенко тесто насечете ги и послужете со кисело млеко како топло предјадење.
Совет:
Ова јадење може да го подготвувате и во форма на бурек така што на секој лист тесто ќе ставите од филот.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
6 листови готови кори за штрудла
1 лажица ким
4 лажици масло
40 гр остро брашно