Брза пита за ненајавени гости!

Брза пита за ненајавени гости!Состојки:
потребно за 2 ролата
8 листови кори за пита
200 гр меко сирење (фета)
200 гр кисела павлака
200 гр тврдо сирење
5-6 лажици путер
2-3 лажици кисела вода
по потреба листови шунка или било кој сувомеснат производ
Начин на подготовка:
Потребни се 8 листови кори за пита, 4 за едниот, 4 за другиот ролат
Путерот растопете го па помешајте го со киселата вода. Премачкајте еден лист, ставете друг лист, па и него премачкајте го со путер. Премачкајте со ¼ сирење и ставете листови шунка.  Преку шунката ставете го третиот лист кора, премачкајте со путер, ставете го четвртиот лист кора, премачкајте со путер, па ¼ сирење и изрендајте ½ тврдо сирење.
На истиот начин направете го и другиот ролат, само по желба со кулен или некој друг сувомеснат производ. Завиткајте во цврст ролат и премачкајте со малку сирење и нарендајте од тврдото сирење, ставете во плех обложен со хартија за печење или премачкан со масло.
Печете на 200 С.  Служете додека е топло со чаша јогурт или салата по желба.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
потребно за 2 ролата
8 листови кори за пита
200 гр меко сирење (фета)
200 гр кисела павл

Пронајдете не на следниве мрежи: