БРЗА ВЕЧЕРА – „Прсти ќе изедете“

Еве еден брзински предлог за вечера. Одозгора може да ставите што и да ви останало во фрижидерот, задолжително мора да има пармезан (може и кашкаал или сирење), но тоа секогаш имаме. Следниот пат кога ќе ќе одите во набавка купете неколку блокови замрзнато лиснато тесто, многу добро доаѓа кога не знаеме што да јадеме или направиме на брзина.Состојки за 8 парчиња:
– 500 гр лиснато блок тесто (тоа е едно пакетче од две табли)
– павлака, кечап, кулен, фета сирење и пармезан
– можете да искористите младо сирење, намази, шунка, сланина, печеница, виршли, кисели краставички, мајонез….
– 1 јајце
Припрема:
Одмрзнатете го лиснатото тесто, ако е малку тврдо нема врска, се развлекува.
Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени.
Развлечете го тестото отприлика 30х20 см или приближно.
Пресечете на 4 еднакви дела па со нож на 1 см од работ засечете малку за да се надигне на краевите.
Премачкајте со што имате: Павлака, па малку кечап, наредете кулен, шунка, сланина, печеница…што и да сакате.
Преку посипете со младо сирење или фета, и пармезан.
Изматете јајце па рабовите премачкајте ги со него. Одозгора ставете малку маслиново масло и магдонос.
Печете некои 10-15 минути, ќе видите кога ќе поруменат рабовите, тогаш им е доста.
Послужете со јогурт или кечап, домат, некоја свежа салата, а одлично оди со домат и краставица.
Пријатно јадење. Состојки за 8 парчиња:
– 500 гр лиснато блок тесто (тоа е едно пакетче од две табли)
– павлака, кечап, кулен, фета

Пронајдете не на следниве мрежи: