Брзи крофни

Едноставни, вкусни, но и брзо исчезнуваат од чинијатаСостојки:
2 јајца
5 лажици шеќер
250мл млеко
1 прашок за печиво
600гр брашно
6 големи лажици јогурт
Масло за пржење
Шеќер за валкање
Подготовка:
Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го млекото матејќи на средна брзина, па полека додавајте го брашното заедно со прашокот за печиво. Продолжете да мешате со дрвена лажица и на крајот додадете го јогуртот. Тестото месете го на набрашнета површина додека не престане да се лепи. Нека не ве загрижува тоа што тестото е меко, така треба да биде. Од тестото развлечете кора со дебелина од 1 – 1,5 см и со калап вадете  крофни додека не се потроши тестото.
Малото загрејте го во длабок сад. Крофните пржете ги додека не поруменат од сите страни. Откако ќе се спржат, крофните извалкајте ги со шеќер, или пак можете да ги наполните со мармалад или крем.Состојки:
2 јајца
5 лажици шеќер
250мл млеко
1 прашок за печиво
600гр брашно
6 гол

Пронајдете не на следниве мрежи: