Овие слатки колачиња без јајца се благи и многу вкусни! Целосно погодни за појадок во периодот на летните горештини.Состојки:
250гр маргарин
300гр павлака
2,5- 3 чаши брашно
Пола кесичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Маргаринот се остава да омекне на собна температура, се меша со киселата павлака и брашното, се додава и прашокот за печиво. Ако е потребно, може да додадете брашно. Тестото треба да биде меко и да не се лепи на рацете.
Ставете го готовото тесто во фрижидер околу половина час.
Потоа тестото исукајте го во тенка кора, со помош на чаша исечете кругови, се валкаат во шеќер и се подредуваат во тава за печење, обложена со хартија за печење.
Се печат на температура од 180-200 ° С, додека не заруменеат.
Ако не сакате шеќер, додека се уште топли, извалкајте ги во мелени ореви, или нешто по ваш вкус, пр. сусам, мак… Овие колачиња се вистинска можност за креативно изразување.Состојки:
250гр маргарин
300гр павлака
2,5- 3 чаши брашно
Пола кесичка прашок за печиво