Брзи солени погачици – „Се топат во уста“

Евтин и брз рецепт, солени погачици, такви што ќе не можете да престанете да ги јадете. Го знаете она…Кога ќе ги ставите во уста тие сами се топат…мх мх мх.Потребни состојки:
250 гр маргарин
250 гр маст
1 супена лажица сол
200 мл млеко
1 кесичка сув квасец
1 кг брашно
2 лажички шеќер
За премачкување и посипување:
1 јајце
сусам
Начин на подготовка:
Маргаринот, маста, шеќерот и солта измешајте ги. Млекото подгрејте го да стане млако. Истурете го млекото, додадете го брашното во кое сме го измешале сувиот квасец и добро замесете во поголем сад. Извадете го тестото па уште малку месете на маса за да биде сосема меко.
Поентата во брзината на овие погачици е што тестото не треба да го оставите да расте, туку се расукува веднаш штом ќе го замесите.
Развлечете го во дебелина на прст. После тоа со нож по горниот дел на тестото засечете во облик на квадратчиња . Погачиците вадете ги со што помала форма, чашка од ракија би била одлична мерка.
Кога ќе ги извадите сите погачици, во тава ставете хартија за печење и на неа наредете ги истите. Оставете ги да отстојат половина час или малку повеќе. После тоа ги мачкаме со изматено јајце и ставаме сусам.
Печете 20 инути на 180С. Секој најдобро си ја познава својата рерна. Во главно, важно е добро да поруменат и спремни се за грицкање.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Потребни состојки:
250 гр маргарин
250 гр маст
1 супена лажица сол
200 мл млеко
1 кесичка

Пронајдете не на следниве мрежи: