Уште еден брзински рецепт за зафатени жени кој може да се направи и од останато пире компир.Додадете му малку шунка и новиот ручек е спремен за неколку минути…
Состојки:
1 кг компир
10- 15 парчиња шунка
2-3 големи лажици брашно
3 жолчки
сол,бибер, мускантно оревче
масло за пржење
сецкан магдонос
Подготовка:
1. Компирот сварете го и направете го како пире, или послужете се со претходно сварен компир направен како пире. Шунката исечете ја на коцкички па пропржете ја во тава без многу масло. На изладениот компир додадете ја шунката,жолчките, зачинете по желба. Додадете брашно по потреба да се поврзе во глатка и мека смеса.
2. Тестото од компири и шунка обликувајте го во кругови кои ќе ги извалкате во густин.
3. Добро загрејте го маслото па пржете на средна температура внимавајки да не изгорат.
4. Пржете по 3-4 минути од секоја страна. Вадете ги на кујнска салфетка да се впие маснотијата. Послужете со тартар, мајонез или салата.
Повеќе кулинарски трикови, рецепти, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Додадете му малку шунка и новиот ручек е спремен за неколку минути…
Состојки:
1 кг компир
10- 15 парчиња