Брзо и без мака – Ручек во кој ќе ужива целото семејство

Ручек во кој ќе ужива целото семејство…Состојки:
5-6 свински шницли
5-6 патчиња сув врат или шунка
5-6 парчиња кашкавал гауда
вегета
за поховање:
по потреба пченично брашно
3 јајца
по потреба презла
за прелив
200-300 мл кисела павлака
2 јајца
100 мл бело вино
прстофат сол
Подготовката погледнете ја на следната страна:
 

 Исечкајте го вратот кашкавалот и месото. Шницлите исчукајте ги и посипете со вегета. Подгответе го брашното, јајцата и лебните трошки.
На секоја половина од шницлата ставете парче врат и парче кашкавал, па преклопете со другата половина и краевите добро притиснете ги. Извалкајте во брашно, јајца и презла, па поховајте во подлабок сад со повеќе масло.
Кога ќе добијат убава боја свртете ги од другата страна. Кога ќе бидат готови извадете ги на кујнска хартија.
Во помал сад измешајте ја павлаката и јајцата додадете прстофат сол и вино.
Похованите шницли ставете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со подготвениот прелив.
Ставете во загреана рерна на 180 С и прчете дваесетина минути, односно додека површината не порумени.
Послужете со варен компир или сезонска салата.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
5-6 свински шницли
5-6 патчиња сув врат или шунка
5-6 парчиња кашкавал гауда
вегета

Пронајдете не на следниве мрежи: