Веруваме дека оваа погача во облик на Дедо Мраз ќе донесе дополнителна ведрина и добро расположение во пресрет на новогодишните празници.Во продолжение може да ги дознаете потребните состојки и начинот на подготовка на овој вкусен Дедо Мраз.
Состојки:
2 јајца – едната жолчка ќе послужи за премачкување
1/2 чаша топла вода
1 чаша млеко
1/2 коцка квасец
4 чаши брашно, плус уште малку за месење ако тестото е лепливо
1 лажичка шеќер
4 лажици масло
1 лажичка сол
Начин на подготовка:
Се става квасецот, заедно со 1 лажичка шеќер и брашното во топла вода да нарасне. Земете едно јајце и една белка, а една жолчка оставете за премачкување.
Изматените јајца се додаваат во водата со квасецот, маслото, солта и свежото млеко. Замесете го повторно мекото тесто и оставете го да нарасне околу дваесетина минути.
Обликување на тестото: Најнапред обликувајте ги лицето, брадата, мустаќите, устата, веѓите, очите, носот и шапката. Со афионово семе посипете ги зениците. Со црвена слаткарска боја и четка обојте ги носот, јаболчниците, устата и шапката.
Оставете обликуваната погача да нарасне, а потоа премачкајте со изматената жолчка помешана со капки масло и млеко.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени сѐ додека не порумени.
Уживајте!Во продолжение може да ги дознаете потребните состојки и начинот на подготовка на овој вкусен Дедо Мраз.
Состојки: