Брзо и лесно: Тестенини со пилешко во сос!

Супер идеа за ручек, нешто  брзо и  лесно…Состојки:
400гр тестенини по избор
400- 500 гр пилешко бело  месо  без коска и  кожа
100гр  сувомеснато по избор
2 лажици брашно
50- 100мл неутрална павлака за готвење
Сув зачин
Сол и  бибер
Магдонос
Подготовка:
Пилешкото исецкајте го на коцки, налејте 350 мл  вода, додадете сув зачин и  оставете да проврие. Гответе 10- 15  минути  па тргнете од оган, извадете го пилешкото, исцедете го  а добиената супа процедете ја. Би  требало  да остане околу 300 мл.
Во тенџере  или  подлабоко  тавче додадете масло и  пилешкото месо  пропржете го. Потоа додадете го  сувомеснатото и  убаво  испржете.
На супата додадете и  го брашното, малку  сол и  бибер па прелијте го пилешкото и  мешајте. Кога ќе се згусне додадете ја павлаката и  се заедно  мешајте и  оставете малку да врие. На крај додадете го магдоносот и  тргнете од оган. Претходно  сварената тестенина измешајте ја со  сосот и послужете. Наздравје.Состојки:
400гр тестенини по избор
400- 500 гр пилешко бело  месо  без коска и  кожа
100гр&

Пронајдете не на следниве мрежи: