Бугарите полека исчезнуваат- 50 отсто од новороденчињата не зборуваат бугарски

Бугарскиот не е мајчин јазик за 50 отсто од новородените деца во Бугарија. Ова го истакнал професорот Петар Иванов од Центарот за демографска политика во Варна.-Според нашето истражување населението во Бугарија се топи со по осум лица на ден. Тоа е најбрзото темпо на изчезнување на некое население во светот. За 50 отсто од новородените бугарскиот не е веќе мајчин јазик, но етничката структура е неудобна тема за бугарските политичари, посочил Иванов.
Во текот на оваа година во Буагрија се родени 53.000 бебиња, што е помалку за околу 16.000 новороденчиња, споредено со минатата година, а како што потенцира Иванов, статистиката покажала дека за околу 30.000 од нив бугарскиот не е основен јазик.
 -Од 9 милиони останавме само 6,98 милиони жители во Бугарија, а според прогнозите на Светската банка до 2050 година ќе се стопиме на околу 4 милинои жители, комнетира Иванов.
 Георги Брдаров, професор од Географскиот факултет на Софиски Универзитет, истакнал дека Ромите се сметаат како резерви на трудови работници во Бугарија и дека треба да се обрати поголемо внимание на нивното образование.
 – Ромите имаат краток животен век и висока смртност. За мене најстрашна е промената во возрасната структура, државата не може да издржува толкав голем број на неактивно население, посочил Брдаров, според кого невработеноста на младите е уште еден важен акцент во демографската криза на Бугарија.-Според нашето истражување населението во Бугарија се топи со по осум лица на ден. Тоа е најбрзото темпо на изчезнување на некое население во свето

Пронајдете не на следниве мрежи: