Бжежински: Мораме да го запреме Путин, бидејќи ќе тргне да освојува и други земји!

Она што се случи во Украина несомнено претставува голем удар врз личните амбиции на Путин, а тоа е повторно креирање на нешто што наликува на Советскиот Сојуз, овој пат наречен Евроазиска Унија, која Русија ја основаше со поддршка на Украина, Белорусија и другите поранешни советски републики.Одлуката на Украина да не тргне по тој пат, создаде сериозни проблеми во намерите на Путин, напишал Збигњев Бжежински, кој  е поранешен советник за националната безбедност на Џими Картер – човекот кој го предвидел распаѓањето на комунизмот, СССР и Југославија.
Тој го повика НАТО да потврди дали алијансата е активна и значајна, со цел да постави постојани сили во регионот.
„Овие сили пред сѐ треба да бидат распоредени во балтичките земји и до некаде во Полска. Но, на Русите треба да им се стави на знаење дека балтичките земји и Полска нема да бидат како Украина, а Путин јасно покажа дека ако му успее планот со Украина, тогаш ќе го примени истиот принцип и во другите земји кои му стојат на патот до постигнувањето на руското единство – што и да значи тоа во неговата глава“, рекол тој.
Тој ја искористи приликата и ги повика САД да преговараат со Кина, оценувајќи дека Кинезите се загрижени и дека знаат дека во моментов се случуваат сериозни закани за мирот во светот.Одлуката на Украина да не тргне по тој пат, создаде сериозни проблеми во намерите на Путин, напишал Збигњев Бжежински, кој  е поранешен советн

Пронајдете не на следниве мрежи: