Чај за чистење на организмот од паразити и токсини

Одредени зачини се вистински мелем кога е во прашање човечкиот организам, па нивни различни комбинации се идеални за здравјето.Следниот древен народен рецепт за супер чај кој лечи преку 50 тегоби, а содржи преубави лековити ориентални зачини: куркума, каранфилче, ѓумбир, цимет, кардамом…
Куркумата уште од дамнешните времиња се користела во Индија за отстранување на отровите од организмот, при мачнини, повраќање и глисти во цревата, а денес е докажано дека помага при превенција и лекување од карцином и деменција.
Каранфилчето е одличен сојузник при лекувањето на различни инфекции, а ѓумбирот ја поттикнува циркулацијата.
Мешавината од која овој напиток се прави, конкретно го подигнува имунитетот, лечи настинка, го чисти телото од токсини и паразити и заблажува уште многу тегоби.
Потребни состојки:
– Половина лажичка ѓумбир
-Половина лажица цимет
-Половина лажичка каранфилче
-1/6 лажичка куркума
-Прстофат кардамом
-Чаша ипол  вода
-Половина чаша млеко
-По желба, малку мед.
Како да го направите овој чај од куркума?

Помешајте ги сите зачини и прелијте ги со чаша и половина зовриена вода.
Ако немате мелени зачини, туку правите чај од семки, мора да го оставите чајот да зоврие на умерена температура 5 минути. Се добро промешајте. Потоа додадете половина чаша жешко млеко.
Чајот пијте го непроцеден во текот на денот, колку што сакате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.