Царот е гол- нужни се нови парламентарни избори

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот“, рече нашиот Гоце Делчев.Оваа Гоцева мисла, и после век и половина, нема избледнето, ниту ја има изгубено својатасуштина, посебно ако се стави во контекст на денешните политички состојби со кои се соочуваме како Македонци.
Две и пол години Република Македонија е насилно втурната во голема политичка криза која гледамедека нема да може да се реши ниту со изборите што поминаа. Како што стојат работите на терен, кризата нема шанса да се надмине ниту со политичките акробации во вид на проширени толкувања на уставната норма кои во моментов се прават. Кризата не може да се реши се додека злото наречено државно предавство на СДСМ не се победи, додека не претрпи убедлив изборен пораз од страна на македонските граѓани.
Зошто македонските граѓани мора да излезат на уште едно изборно соочување? Зошто нови избори се нужни? Одговорот е многу едноставен, иако кризата е комплицирана и повеќедимензионална.
Одговорот лежи во вистината. Вистината за причините зошто дојдовме до кризата, и вистината за последиците кои ги доживеавме и допрва ќе ги доживуваме како народ, како нација ако не најдеме сили да ставиме крај на ова политичко лудило.
За разлика од пред 11 декември кога на голем дел од граѓаните, посебно од македонскиот дел од електоратот, не им беше јасна и видлива големата слика која се криеше позади сценариото на „чадорот“ и нивните папети на џојстик наречени раководство на СДСМ, денес таа е повеќе од очигледна. Дури и на новите кокичиња кои се уште не се излезени им е јасно во што е втурната Република Македонија, што се се случуваше изминатите две и пол години, и зошто се случуваа настаните како на лента, согласно прецизно утврден редослед и динамика. Големата слика на битката на „чадорот“ против Република Македонија, големата слика на нашите велепредавници кои за да дојдат до власт се кадарни да си ги продадат и своите семејства, сите актери и финансиери впрегнати во реализација на крајната цел-рушење на постојниот уставен поредок на земјата и ништење на македонскиот идентитет во корен, се идентификувани и разобличени.
Го видовме целото сценарио на дело, но ги видовме и сите неговипоголеми и поситниделови. Видовме се од блиску и од подалеку. Ја разоткривме и демистифициравме секоја лага на Заев и на Шеќеринска, почнувајќи од лажните фантоми кои наводно постоеле во нашиот избирачки список до лажните докази на Чауш за наводната злоупотреба на МВР од страна на овластени лица назначени од ВМРО-ДПМНЕ во, како што ги теретеја, нелегалното печатење лични карти и други документи за изборните потреби на партијата. Чауш и СДСМ самите се заплеткаа во своите лаги и интриги. Ја разоткривме целатаподземна криминална тајфа која директно работи за потребите на СДСМ и „чадорот“,ги видовме сите лажни причини зошто на два пати беа одлагани изборите, ја видовме целата гадотија и гнаса од црна платеничка пропаганда, од платеници новинари и квази-експерти кои за да си ги одработат парите од наменските проекти на Сорос смислуваа еден куп одвратни спинови, креираа лажна медиумска претстава за секого што се спротивставува на нивното развратничко сценарио, удираа по личноста на секого што со аргументи се бори против оваа платеничка булумента заборавена во сопствениот аздис да зграби што е можно повеќе пари. Ненаситни суштества без грам достоинство.
Ја видовме од блиску гнасната платеничка „револуција“ која не се бореше за никакви човекови права,за никаква правда и демократија, туку за гола власт. Го видовме дното на лажниот граѓански сектор впрегнат како магаре за остварување на интересите на Сорос, ги видовме сите политички интриги на Заев и на Шеќеринска спакувани во изборна измама на повеќе од 70.000 Албанци, но и голем број други граѓани ставени во заблуда дека дадените ветувања се остварливи во пракса, а всушност, не се, ниту можат некогаш да бидат без согласност на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги видовме сите очајнички обиди на Заев да ја скрши државата Република Македонија на неколку парчиња, да воспостави самоуправувачки кантони, и истите да ги наметне како нова политичка реалност спротивно на Уставот. Ја видовме вистината за раскрчмувањето на Република Македонија и стартот на тоа раскрчмување-официјалното признавање на албанскиот јазик како втор службен јазик на целата држва. Ги видовме сите елементи и поделементиза разнебитување на македонскиот идентитет и традиција, видовме што е крајната цел на сценариото-да го смениме нашето уставно име за севкупна употреба, самите да си го ставиме крстот, доброволно да си се прекрстиме, или како што вели народот, самите да си ја ставиме ортомата околу вратот.
Ги видовме сите гнасни обиди за креирање лажна фама во јавноста дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е криминално. Дека се што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ е криминално. А за да биде иронијата поголема тоа го велат луѓе докажани и правосилно осудени криминалци. Наместо Заев да си го погледне своето криминално досие, тој реши да креира туѓи досијеа, секако преку неговата алатка СЈО, за да го дефокусира вниманието на јавноста од сопствената до гуша заглавеност во криминал, според онаанародната, крадецот вика фатете го крадецот, и лажгото вика фатете го лажгото. Заев во велепредавничкиот транс заборави да си ги види своите аболиции од кои никако да се откаже, заборави насите свои докажани криминали. Токму затоа,Заев и тие околу него не можат да продаваат пуфки на политичката сцена. Најмалку за што имаат право е да зборуваат за криминал и за криминални афери на некој друг. Заев нема никаковкредибилитет да зборува за наводните криминали на некој друг, а уште помалку има право да се претставува како пример на политичар во Република Македонија од кого помладите генерации треба да учат. Тешко на политиката и на државата ако Заев и Шеќеринска се пример за тоа како треба да изгледа профилот на македонскиот политичар.
Нови парламентарни избори се потребни со цел да се стави крај на веќе демаскираната и полна со лаги изборна понуда на Заев која ќе биде запишана во македонската изборна историја како најголема изборна измама што граѓаните воопштоја виделе на македонско тло. Истото важи и за стореното велепредавство. Изборната измама, како и велепредавството не можат да останат неказнети. Станува збор за казниви дела утврдени во Кривичниот законик на РМ. Изборната измама се лоцира во лажните ветувања на Заев преку кои тој и неговите пајташи директно влијаеле на друг/и да го дадат својот глас за СДСМ за нешто што ниту во сон не може да биде остварено. Измамата на Заев директно имаше влијание врз слободата на определувањето на дел од избирачите што е казниво дело, исто како што е казниво делото поткуп на избори и гласање. Постојат многудокази кои МВР ги собра од терен преку кои се гледа како СДСМ има освоено над 70.000 гласови. Добар дел од гласовите дадени за СДСМ во претежно албанските средини, но и во средините со мешан етнички состав се ставени на контото на оваа партија поради нуден, давани ветуван подарок или друга корист со цел граѓаните да го остварат избирачкото право во полза на СДСМ.
Оваа најголема изборна измамазаедно со велепредавничкиот проект на СДСМ за загрозување и менување напостојниот уставен поредок на Република Македонија, кој ја стави на колена државата, и кој го силуваше институционалниот систем на земјата, мора да се поништи, мора да се казни на нови избори.Што побрзо, тоа подобро,
 Колумна на Тања  Каракамишева- ЈовановскаОваа Гоцева мисла, и после век и половина, нема избледнето, ниту ја има изгубено својатасуштина, посебно ако се стави во контекст на денешните поли

Пронајдете не на следниве мрежи: