Најголемата балканска ѕвезда, Светлана Ражњатовиќ – Цеца, доаѓа на голем предновогодишен концерт во Скопје. На 27 декември, по примерот на најголемите европски градови и Скопје ќе добие можност во живо да ги слушне хитовите кои што и ја зацврстија позицијата на врвот, која што самоуверено ја држи долги години.“Позив”, “Да раскинем са њом”, “Име и презиме”, “5 минута”, “Мрзи ме” ќе бидат само дел од богатиот репертоар со кој оваа најголема регионална музичка ѕвезда веќе ги наполни стадионите и концертните сали во регионот.
По успешниот концерт летово во Охрид, Цеца најави уште една средба со македонската публика. Дека е добредојдена покажува фактот кој што вели дека 30% од спортската арена Борис Трајковски веќе е распродадена. За останатите слободни места, влезници на стандардните продажни места: Розе Веро 2, Камард Рамстор, Купикарти за се и низ сите локални плоштади во државата.
Цената на влезниците е: партер стоење – 800, фанпит 1300 во ограничен број (само 300 влезници), трибина блок 1 и 15 – 800 денари, трибина блок 2, 4, 12 и 14 – 1300 денари, трибина блок 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 – 1000 денари, ВИП блок 3 – 1500 денари, ГОЛД ВИП блок 13 – 2000 денари. Резервации на 072 68 07 76.
За фановите на Цеца од градовите низ Македонија, обезбеден е организиран превоз.
Ражњатовиќ во моментов освен со последниот албум, актуелна е и со жирирањето во едно од најпознатите музички шоуа во регионот “Пинкови ѕвезди” . Не е исклучена можноста на сцената со Цеца да се појават специјални музички гости, нејзини блиски пријатели и соработници. Со што концертот ќе добие префикс, идеална предновогодишна журка.“Позив”, “Да раскинем са њом”, “Име и презиме”, “5 минута”, &l