Нов современ Центар за цистична фиброза во кој на едно место може да се прегледуваат, испитуваат и лекуваат и деца и возрасни, е отворен во рамки на Детската болница во Козле. Центарот има осум комплетно опремени соби според најсовремени стандарди и опрема потребна за лекување и третман на болните од цистична фиброза.Во посета на Центарот за цистична фиброза денеска беше министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека станува збор за еден од најсовремените центри не само во Македонија, туку и пошироко, имајќи предвид дека во Центарот се обезбедуваат сите потребни услови и сите прегледи ќе бидат на едно место – од микробиолошки испитувања, пулмолог, физиотерапевти, како и сите потребни испитувања за цистична фиброза.
– Претходно, овој Центар функционираше во рамки на Детската клиника, одлично функционираше, но се договоривме Центарот да биде отворен во Детската болница во Козле и да не биде само за деца, туку за сите болни од цистична фиброза, од детска па до адултна возраст, посочи Тодоров.
Нагласи дека набавката на лековите за цистична фиброза од годинава ја презема Министерството за здравство. Со тоа, потенцира, сериозно се растовари и буџетот на Детската клиника, а нормално не се оптоварува и буџетот на Детската болница во Козле, со што овозможуваме простор за натамошен развој во Детската клиника на методи кои досега не се работеле, но во правец на педијатриската патологија.
Имајќи предвид дека набавката е преземена од Министерството и Детската болница во Козле го нема тој товар, рече дека очекуваат да може во континуитет да се унапредува оваа област во медицината.
– Ќе се води посебна грижа и за исхраната на овие пациенти имајќи предвид дека Детската болница во Козле има нутриционист. Ќе биде искористена и експертизата од нутриционистот кој и досега ги водел пациентите од Детската клиника и по што ќе биде одобрено посебно мени за исхрана на болните додека се тука на лекување, рече Тодоров.
Истакна дека инциденцата е 7 до 10 новозаболени секоја година.
– Она што за нас сега е многу значајно е тоа што болните од цистична фиброза ќе имаат многу добри услови за лекување и третман со што очекуваме да се унапреди третманот во оваа област, додаде Тодоров.
Директорот на Детската болница-Козле, Оливер Зафировски рече дека новиот центар има капацитет да ги згрижи сите болни од цистична фиброза во Република Македонија.
– Се работи за осум еднокреветни соби со кои можеме да ги опслужиме сите пациенти што моментално се водат во регистарот за цистична фиброза во Република Македонија. Ќе има и амбуланти, дневна болница. Она што е многу битно е дека децата комплетно ќе имаат мултидисциплинарен пристап и сите услови од престој до дијагноза, посочи Зафировски.
Нагласи дека понатаму ќе воведат и популациски и неонатален скрининг за пациенти со цистична фиброза.
– Навистина сум среќен и горд што овој центар ќе биде еден од најдобрите во овој регион и пошироко, додаде Зафировски.
Претседателот на Здружението за цистична фиброза, Снежана Бојчин се заблагодари за донесената одлука да се оформи еден Центар за цистична фиброза согласно европските стандарди за третман на болеста.
Посочи дека за нив како пациенти ова значи и ќе значи огромен исчекор во лекувањето. Една од најболните точки во третманот на болните со цистична фиброза, потенцира, беше немањето соби со изолација, што се покажа во европските земји како еден од нужните предуслови за успешен третман на овие болни.
– Недостигаа многу важни кадри. Цистична фиброза е пред се пулмонално заболување и најголемите компликации и оние животно загрозувачки компликации произлегуваат поради пулмоналните проблеми. Првпат ќе бидат вклучени пулмолози во тимот, што е уште поважно. Еден од најважните профили – физиотерапевт досега немаше вклучено во третманот. Физитерапевтот за нас како пациенти значи намалување на потребата од примање антибиотици кои во исто време лекуваат, но создаваат други компликации во организмот, рече Бојчин.
Според неа, пациентите кои имаат добра физикална терапија немаат потреба од толку скапа и честа антибиотска терапија.
Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, која е и претседател на Комисијата за ретки болести посочи дека мултидисциплинарниот тим кој го формирале и натаму ќе работи на пружање максимално добар, квалитетен живот на деца и возрасни заболени од цистична фиброза.Во посета на Центарот за цистична фиброза денеска беше министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека станува збор за еден од најсовр