Мишел Моне успеа да создаде империја од нејзиниот бренд за долна облека. Како еден од највлијателните светски претприемачи, таа била повикана на конференција во Виетнам кадешто одржала говор пред 3000 луѓе.Тогаш, забележала дека ѝ приоѓа „момче“ коешто сакало да ѝ подари цвеќе.
Кога Мишел го кренала неодоливото виетнамско „момче“, сфатила дека тоа е всушност 46-годишен женет маж.
Мишел, којашто ја нарекуваат и „баронеса на брусхалтерите“, зборувала на конференцијата за претприемачите, кога во еден момент ѝ се доближило „момчето“ со букет цвеќиња. Го кренала во прегратки за да го погали да направи селфи.
Тогаш, неговата сопруга, којашто седела во првиот ред извикала: „Спушти го доле, јас сум му жена!“
„Нему тоа му беше во ред, но целата сала врескаше од смеа. Помислив дека нешто не е како што треба бидејќи неговите заби беа жолти од никотин“ – подоцна раскажала баронесата од Мејфер.
Подоцна, сопругата ја прашала Мишел дали е британски обичај така да креваат луѓе во прегратки.
Русокосата од Шкотска, која е основач на брендот за долна облека „Ултимо“, го споделила нејзиниот гаф на Твитер со фотографија и коментар:
„Мислев дека ова е шестгодишник. Го кренав во раце, беше возрасен маж.“Тогаш, забележала дека ѝ приоѓа „момче“ коешто сакало да ѝ подари цвеќе.
Кога Мишел го кренала неодоливото виетнамско „мо