Пожарот во струшката депонија вчера попладне повторно се активираше. Додека граѓаните се сериозно загрижени за своето здравје и загадувањето, новата влада повторно ја покажува на дело својата неспособност.Пожарот избувнал вчера пред 14 часот и горела југозападната страна на депонијата, а на теренот огнените пламени се гасеа само со една цистерна со вода.
Црни облаци чад се надвиснуваа над Струга, се шири непријатна миризба, а дуваше и ветер. Поради тоа чадот забрзано се шири кон градот и околните села.
Жителите на Струга веќе со години бараат решение за проблемот со дивата депонија, но револтот стана посилен откако истата беше опожарена и оставена да гори со денови. Депонијата се наоѓа на само 500 метри од градот.
Ова ново активирање на пожарот доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.
Граѓаните бараат дислоцирање на депонијата. Надлежните ветуваат дека ќе се бара соодветно решение за проблемот, но засега освен нивната неспособност на виделина, решение нема.Пожарот избувнал вчера пред 14 часот и горела југозападната страна на депонијата, а на теренот огнените пламени се гасеа само со една цистерна со в



