Цената на барел сирова нафта во четвртокот на лондонската берза надмина 117 долари во очекување на договорот на челниците на Европската централна банка (ЕЦБ) за состојбата во економијата на еврозоната.На лондонската берза цената на барелот сирова нафта денеска порасна за 88 центи, на 117,61 долар, а на американската берза се тргуваше по 25 центи повисока цена, од 96,87 долари.Инвеститорите се насочени кон конференцијата за печат на претседателот ЕЦБ, Марио Драги, на кој треба да се изнесат насоките за состојбата во економијата на еврозоната. ЕЦБ очекува ја задржа клучната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,75 отсто.Берзите во средата ги оасположи веста дека саудиското производство во јануари останало воглавно непроменето во однос на декември, кога бече намалено за околу 700.000 барели дневно.Нафтените берзи добиваат поддршка и од напнатоста околу иранската нуклеарна програма и ескалацијата на судирот во Сирија и Тунис, бидејќи се поттикнува загриженоста за нарушеност во снабдувањето од Блискиот исток.
МакфаксЦената на барел сирова нафта во четвртокот на лондонската берза надмина 117 долари во очекување на договорот на челниците на Европската центр