Цените на нафтата притиснати од обемната понуда

Цената на барел сирова нафта во средата на меѓународните берзи се најде под притисок на податоците кои сведочат за обилната понуда, што ги потисна во втор план охрабрувачките показатели од САД и Европа.На лондонската берза цената на барел сирова нафта падна за 267 центи, на 116,25 долари, а на американската берза со барел се тргуваше по 64 центи пониска цена, од 96 долари.Оваа недела цените на американскиот пазар паднаа повеќе од еден отсто под притисок на стравувањата од прекумерната понуда која се слева во главната американска локација за нафта во Кушинг.Поради тоа во прв план е денешниот извештај на американската влада за залихите за нафта во минатата недела. Се проценува дека извештајот ќе покаже раст на залихите со оглед на зголемениот увоз и намалените активности на рафинериите.„Производството на нафта е осетно поголемо од побарувачката, а допрва претстои сезоната на работи на одржување на рафинериите, што ја намалува побарувачката. Тоа ќе го ограничи растот на цените“, толкува Филип Петерсон од стокхолмски SEB.Податоците за залихите ги потиснаа во втор план втор план охрабрувачките показатели од САД и Европа. Американскиот сектор на услуги успева да го одржи тригодишниот тренд на раст на активности и на почетокот на 2013 година, а индексот на менаџери за набавка во приватниот сектор во еврозоната се искачи на највисоко ниво за последните 10 месеци.
 
МакфаксЦената на барел сирова нафта во средата на меѓународните берзи се најде под притисок на податоците кои сведочат за обилната понуда, што ги по

Пронајдете не на следниве мрежи: