ЦЕНОВНИК ЗА ГАТАЊЕ: Колку чини да ви ја претскажат иднината?

И покрај тоа што голем дел од луѓето велат дека не веруваат во гатачки и нивните вештини, оваа дејност се покажа како една од најпрофитабилните на нашите простори и во регионот, а интересно е и тоа што гатањето е исплатлива работа.Магијата е нешто кон што луѓето се склони да посегнат, кога не можат да пронајдат ниту едно поконкретно решавање на некој проблем. Луѓето знаат да им се јават на гатачите преку телефон или лично да ги посетуваат, при што се прават навистина огромни трошоци.
Еден од најпопуларните ритуали е симнувањето на црната магија. За да се одлучи некое лице на овој потег, тој/таа мора прво да знае дали е под влијание на црна магија. Симптомите подразбираат готово сѐ – од несоница, до несреќа во љубовта. Но, за да можете да го донесете конечниот заклучок, потребно ви е видовито лице.
Во зависност од тоа кај кого ќе одлучите да отидете, овој ритуал може да се добие за околу 150 евра, но и за далеку повеќе пари. Голем број гатачи ги нудат услугите бесплатно, но поголемите професионалци знаат и да наплатат.
„Откривањето и симнувањето на црната магија е напорна и тешка работа која одзема многу енергија и јас ви гарантирам дека тоа никој не го прави бесплатно“, открива еден видовњак.
Ништо помалку популарни не се љубовните ритуали, кои се прават за спојување или разделување на двајца луѓе. Цената на овие ритуали исто така се движи околу 150 евра, но секогаш постои можност да морате да се вратите повеќе пати за да успее магијата.
За оние кои не сакаат да даваат толку пари, секогаш постојат амајлии кои наводно одлично функционираат. Овие амајлии можат да се најдат за 50-100 евра и прилично се популарни.
Ако некој се сомнева дека куќата му е проколната, средувањето на овој проблем може да чини околу 130 евра. Но, ако станува збор за поголем проблем, лесно може да се надмине оваа цифра.
„Симнувањето на таквите клетви е посебно тешка и макотрпна работа. Затоа цената е висока. Меѓутоа, овие клетви се исклучително сили и потребно е некој да знае што треба да направи за да може да ви помогне“, додал видовњакот.
Опциите се неограничени за оние кои ја превидуваат иднината. Некои гатачи бараат минимална цифра од 10 евра, додека кај некои гатањето може да надмине и 100 евра.Магијата е нешто кон што луѓето се склони да посегнат, кога не можат да пронајдат ниту едно поконкретно решавање на некој проблем. Луѓето знаат да

Пронајдете не на следниве мрежи: