Делегација од Централниот регистар на Република Македонија, предводена од в.д. Директорот Андреа Поповски, денес оствари официјална работна посета на Агенцијата за јавно-правна евиденција на Република Словенија (АЈПЕС), на чело со директорката Мојца Куншек. Целта на посетата беше операционализирање на неодамна склучениот Меморандум за соработка помеѓу двете институции, како и размена на искуства и најдобри практики во областите од доменот на работа на двете институции.На средбата беше потенциран успехот на Република Македонија евидентиран во извештајот „Дуинг бизнис“, особено во делот што е во доменот на работа на Централниот регистар. Директорот Поповски истакна дека при креирањето на реформите во Република Македонија често пати се земаат предвид искуствата од Република Словенија и дека директниот линк со раководството на АЈПЕС е од исклучителна важност.
Формалната соработка помеѓу Централниот регистар и АЈПЕС датира уште од 2002 година, со договор за размена на финансиски податоци за фирми од двете земји, а годинава соработката беше продлабочена со сеопфатен Меморандум за соработка како рамка за спроведување на заеднички активности како во насока на размена на знаење, така и во врска со размена на податоци и информации од регистрите со цел создавање подобри услуги за бизнис-заедниците во двете земји.На средбата беше потенциран успехот на Република Македонија евидентиран во извештајот „Дуинг бизнис“, особено во делот што е



