Церемонија на дипломирање, Меѓународен факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Церемонија на дипломирање, Меѓународен факултет на Универзитетот Шефилд, Сити КолеџУниверзитетот Шефилд и неговиот Меѓународен факултет, СИТИ Колеџ, беа домаќини на свечената Церемонија во Концертната сала воСолун.
Наградите беа претставени од Заменик Канцеларот на Универзитетот Шефилд, Професор Сер Кит Бурнет, кој беше придружуван од професорите и академските колеги од британскиот универзитет. На церемонијата, повеќе од 200 дипломци, постдипломци и докторанти, кои ги завршија своите студии на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, беа претставени на Заменик Канцеларот на Универзитетот и ја добија својата диплома.
Дипломирањето ја следеше истата академска процедура како церемониите на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство.
За време на церемонијата, шест истакнати алумни беа наградени со „Награда за истакнати алумни”, како признание за нивните видни професионални достигнувања: Панче Кралев, Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком (ДојчеТелеком Групација) од Скопје, Мирела Аркимандрити, Извршен директор, Центар на родова алијанса за развој, Албанија, Сања МилаковиќКолунџија, Директор, Адвертајзинг агенција ExecutiveGroup, Србија, Катерина Сиампани, Гешталт психотерапевт и тренер, Грција, Висар Келеменди, Главен извршен директор, Ругове L.L.C., Косово, Грациела Константин, Претседател на Комитетот за даноци во Ромската банкарска асоцијација и директор на CEC Банка, Романија.
Освен дипломците и нивните пријатели, на церемонијата присуствуваа и претставници на властите и на организации од Грција и соседните земји, како и истакнати личности од академската фела, бизнисот и политиката, кои ги почестија присутните со своето присуство.
По церемонијата следеше прием во фоајето на Концертната сала во Солун.
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ повеќе од две децении ги пренесува програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и во Југоисточна Европа (Бугарија, Романија, Србија, Македонија и Украина), давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат за диплома од Универзитетот Шефилд во нивната земја. Денес, Извршните МБА програми се одвиваат во Солун, Софија, Букурешт и Белград, со серија на магистерски програми кои се нудат во Софија и Букурешт и серија на додипломски студии и програми достапни во Софија и Скопје. Дипломците добиваат диплома од Универзитетот Шефилд, диплома од универзитет кој е рангиран меѓу 1% од најдобрите универзитети во светот (69ти во светот и 24ти во Европа според QS World UniversityRankings за 2014-15 година).Универзитетот Шефилд и неговиот Меѓународен факултет, СИТИ Колеџ, беа домаќини на свечената Церемонија во Концертната сала воСолун.
На

Пронајдете не на следниве мрежи: