Червар не се осудува да си посака противник

По победата над Силкеборг со 32-18 и по веќе обезбеденото второ место во групата, тренерот на Металург, Лино Червар не се осудува да обере противник што го сака во осминафиналето од Лигата на шампионите.„ Јас сите ги почитувам. Не би се осудил да кажам овој го сакам, овој не. Знам дека ќе биде потешко . Ние мораме добро да се подготвиме, да се бориме и за ваква публика да направиме подвиг“, рече Червар на прес-конференцијата по натпреварот во Скопје.Загрижен е само за повредата ан Дејан Манасков, кој лошо згазна на ногата уште во првото полувреме и повеќе не заигра.„ Ме загрижува само тоа што не ја знам природата на повредата на Дејан Манасков, кој случајно се повреди. Не ја знаеме тежината на повредата затоа што коленото е уште топло. Утре ќе знаеме по прегледот. Но, позитивно треба да гледаме“, додаде Червар.Им честита на играчите од  екипата на Силкеборг на коректното и фер однесување.„Секако дека сум задоволен. Им честитам на играчите. Го почнавме првото полувреме со одбрана 6-0, која не функционираше најдобро. Тоа тие знаеја да го искористат . Но, со промена на одбраната ние ги поставивме работите така што нашиот квалитет дојде до израз. Нападот беше стрплив, паметен и од тука таа огромна разлика“, рече Червар.Изрази задоволство и од тое што се втори во групата и тоа, како што рече е битен чекор напред во однос на минатата година.„Она што денеска мора  повторно да го кажам е благодарност до публиката. Не знам колку имаше во салата денеска. Сигурно околу осум илјади. Не видов празен простор никаде. Ова е навистина празник на ракометот“, додаде Червар.„Честитам на Металург на одличната игра и на второто место во групата. Во шок сум и разочаран и срам ми е од денешниот натпревар. Второто полувреме беше под сите стандарди и навистина ми е срам“, рече тренерот на Данците, Карстен Албректсен.„Се сложувам потполно со него. Не можевме гол да дадеме во второто полувреме. Дарко одбрани се, брани одлично. Нивната одбрана функционираше одлично. Уште еднаш докажаа дека се најдобра одбрана  можеби дури и во Лигата на шампиони и секако во СЕХА легата. Мислам дека сите играчи на Силкеборг потфрлија. Иако натпреварот немаше резултатско значење требаше да играме подобро и на некој начин  да им го осветлиме образот на клубовите од Данска. Ние не направивме ништо и тој е резултатот“, голманот Шијан.Филип Миркуловски изрази задоволство от вечерашниот резултат, затоа што го добија против добар противник„Треба да бидеме презадоволни од овој резултат денеска. ДОбар противник победивме со толку голема разлика. Во првото полувреме не игравме добро одбрана. Сепак, нападот беше фантастичен. Во второто полувреме ја изигравме нашата препознатлива одбрана. Станиќ беше фантастичен. Се трудевме да примиме само три гола во едно полувреме да го подобриме нашиот рекорд“, рече Миркуловски.За осминафиналето очекува салата „Борис Трајковски“ да биде претесна за сите кои ќе сакаат да дојдат да ги гледаат.„Благодарност до гледачите. Имаме одлична поддршка. Направивме шоу со кое ги задоволуваме апетитите на сите спортски љубители. Ќе бидеме уште подобри во осмина финале, ќе работиме понапорно за да го пдообриме успехот од лани да играме во четвртфинале. Тоа е желба на сите нас“, додаде Миркуловски.
МакфаксПо победата над Силкеборг со 32-18 и по веќе обезбеденото второ место во групата, тренерот на Металург, Лино Червар не

Пронајдете не на следниве мрежи: