Червар: Задоволен сум од моите играчи, се бореа максимално

Македонскиот шампион со пораз во дуелот со гигантот од Франција.Македонскиот шампион Металург на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го претрпе првиот пораз сезонава во елитното клубско натпреварување, откако во првото коло во ракометната Лига на Шампиони загуби со 22:27, од екипата на Париз Сент Жермен.
„Честитки за победата на ПСЖ, јас немам замерки за моите играчи, кои се бореа максимално, но сепак не издржаа до крај, падна концентрацијата во последните 10 минути, и тоа беше клучниот момент на мечот“ истакна на прес-конференцијата по мечот, стратегот од клупата на Металург, Лино Червар.
„Честитки до ПСЖ, беа подобри во текот на целиот натпревар, нас ни падна концентрацијата во решавачките моменти, се надевам дека на следниот натпревар ќе се вратиме на победничките патеки“ истакна ракометарот на македонскиот шампион, Мијајло Марсениќ.
Во таборот на францускиот гигант задоволни од победата, но и импресионирани од атмосферата која беше во СЦ „Борис Трајковски“.
„Честитки за Металург, за нивната добра игра, јас сум горд на моите ракометари кои дојдоа до победа на еден мошне тежок терен како овој. Игравме добра одбрана во текот на целиот меч, тешко е да се победи во Скопје, при една ваква атмосфера, задоволни сме за победата, имаме напорен распоред ќе играме на секои четири дена“ истакна на прес-конференцијата, стратегот од клупата на ПСЖ, Филип Гарден.
„Беше тешко, бевме под притисок до последните моменти од мечот, ова беше една прекрасна атмосфера во арена која беше преполна до последно место. Уживав во оваа атмосфера, среќни си заминуваме од Скопје“ изјави Вилиам Акамбре, ракометарот на ПСЖ по мечот.
Група „А“, прво коло:
Металург – ПСЖ 22:27
Ла Риоха – Мешков Брест 38:31
Загреб – Кил (19,30 часот)
Во второто коло, македонскиот шампион му гостува на белорускиот претставник Мешков Брест, а мечот во арената „Викториа“ се игра на 4-ти октомври, со почеток од 18,00 часот.
Извор: sport365.mkМакедонскиот шампион Металург на

Пронајдете не на следниве мрежи: