Денес 17.10.2016г. претставници од Амбасадата на Република Германија во Скопје беа во посета на општина Чешиново-Облешево. Целта на посетата е примопредавање и пуштање во употреба на „Машина за метење на улиците“ која всушност е набавена со финансиска поддршка од Амбасадата. Вкупната вредност на проектот е 363.300,00 денари . Оваа машина ќе биде дадена на користење на Јавното Претпријатие за Комунални дејности „Облешево “ . Како што истакна директорот на ЈКПД „Облешево“ Стојанче Анастасов – „ Со набавката на ваков вид на машина освен што се модернизира начинот на собирање на отпад и метење на улиците се намалува и потребата од ангажирање на повеќе лица за вршење на истата работа“.
Благодарност кон Амбасадата искажа и градоначалникот Костадин Личков кој истакна : „ Со набавката на ваков вид на машина освен што значително ќе биде олеснета работата на Јавното Комунално Претпријатие оваа машина ќе придонесе и за поголема безбедност во сообраќајот. Во нашата општина во жетвениот период зачестена е фреквенцијата на земјоделската механизација на магистралниот пат А3 кои оставаат наноси од земја и кал на патот која е сериозна закана за безбедноста во сообраќајот што досега резултираше со зачестени сообраќајни незгоди. “
Набавката на оваа машина ќе помогне во решавање на ваков тип на проблеми а со тоа ќе придонесе и за поголема безбедност во сообраќајот во Општина Чешиново-Облешево.Целта на посетата е примопредавање и пуштање во употреба на „Машина за